Ратко Славковски
Ратко Тренчев Славковски (1 август 1922 во Шопско Рударе, Кратовско — 21 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиИзраснал во сиромашно земјоделско семејство и се занимавал со земјоделство, а повремено како аргат работел на туѓи имоти. За време на окупацијата станал симпатизер на НОВ, вршел агитација и активно го помагал движењето. Земал учество при палењето на општината и архивата во селото Шопско Рударе од страна на единиците на НОВ. На 9 септември 1944 година со група младинци од селото пристапил во народноослободителната војска во состав на Треттата македонска ударна бригада. Бил учесник во повеќе борби за ослободување на Македонија. Една од најтешките борби му била на реката Треска. Земал учество во борбите на Сремскиот фронт. Крај Врпоље извршувајќи воена задача, на 21 април 1945 година, бил смртно погоден од топовска граната.[1]