Јордан Славковски

Јордан Димитриев Славковски (1 септември 1925 во Шопско Рударе, Кратовско12 април 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Јордан Славковски
Роден 1 септември, 1925 година
Шопско Рударе, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 12 април, 1945 година
Шид, Србија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Израснал во семејство кое се занимавало со земјоделие и сточарство. Во родното место завршил основно четиригодишно училиште, но немал можност за понатамошно образование. Поголемиот дел од животот го поминал како овчар, ценуван во поимотните селски семејства. Важел за многу мирен и скромен младинец, а подоцна станал ѝ трудољубив земјоделец. На 9 септември 1944 година, со група младинци од своето село пристапил во редовите на народноослободителната војска на Македонија, во состав на Треттатa македонска ударна бригада. Учествувал во многу борби што се воделе на реката Треска. Бил пофален за успешно извршување на задачите во овие битки. Подоцна со Бригадата земал учество во борбите на Сремскиот фронт. Во близината на Шид, на 12 април 1945 година, загинал од непријателски митралезски истрел.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 55.