Ратко Дуев
Ратко Дуев Велес , 1970, 26 јули— македонски класичен филолог, редовен професор на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје.[1].
Ратко Дуев | ||
Роден | 1970, 26 јули Велес, Социјалистичка Федеративна Република Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | класичен филолог, универзитетска професорка |
Животопис
уредид-р Ратко Дуев, редовен професор, роден е на 26 јули 1970 година во Велес.
Дипломирал (1998) и магистрирал (2003) на Филозофскиот факултет во Скопје.
Од 1999 до 2001 г. работи како асистент–истражувач во МАНУ во Центарот за ареална лингвистика, каде продолжува да работи до денес како надворешен соработник. Во 2000 г. е избран за помлад асистент при Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје, а во 2004 г. е избран за асистент. На 18. VI 2010 г. ја одбранува својата докторска дисертација „Ѕевс и Дионис. Судир и синкретизам на небесни и хтонски култови во најраниот хеленски период“. Во 2010 г. е избран за доцент, а во 2015 г. за вонреден професор.
Од 2020 г. е редовен професор при Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 2013 г. е уредник на меѓународното научно списание Жива Антика од Скопје.
Како главен технички координатор и член на факултетската комисија ги водел уписите на новите студенти од 2008 до 2016 г. Од 2012 до 2017 г. бил главен и одговорен координатор за организирање на „Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј. Учествувал во повеќе меѓународни и домашни проекти водени од МАНУ и Министерството за култура. Одржал предавања на универзитети во Италија, Франција, Србија, Хрватска и БиХ. Извршувал повеќе функции како раководител на Институтот за класични студии и продекан за финансии на Филозофскиот факултет во Скопје. Денес ја извршува функцијата декан на Филозофскиот факултет во Скопје (2017-2021 г, 2021-2024 г.).
Редактор и уредник е на над 800 изданија на Филозофскиот факултет, МАНУ, проектите „Антологија на светската поезија“, „Светско книжевно наследство“, „Ѕвезди на светската книжевност“. Во пет мандати од 2012 до 2016 г бил претседател на Комисијата за издавачка дејност на Министерството за култура. Во периодот од 2015 до 2016 претседавал и со Националната комисија за учебници на МОН.
Бил и член на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ (2012–2013) и државната награда „11 Октомври “ (2014–2015).[2],[3].
Библиографија
уредиКниги
уреди•Музиката во микенскиот свет и Хомер, Силсoнс: Скопје 2009.
•Ѕевс и Дионис: раѓање на античките верувања и култови, Силсонс: Скопје 2010.
•Ilievski, P., Mitevski, V., Duev, R. (ed.), Ad perpetuam memoriam Michaelis D. Petruševski, Živa Antika Monographs No 10, Skopje 2012.
•Р. Дуев (ed.), Востанијата во Македонија, Филозофски факултет 2015.
•Р. Дуев (ed.) Антологија на светската поезија, том 1., XX век пр. н.е. – IV век н.е.: од Енума Елиш до Авсониј, Арс Ламина 2015.
•Музичките инструменти во Стариот завет, Скопје 2019.
Преводи
уреди• И. Џепароски (приредил), Убавина и уметност: од Платон до Кроче, зборник по естетика (превод на Плотин, св. Августин и св. Тома Акавински: Р. Дуев стр. 71–124), Магор, Скопје 2005.
Статии
уреди• “Psykhē and thymos” (disc.), Жива Антика 50, 2000, стр. 166–167.
• “*tu-qa-no? – tympanon”, Жива Антика 52, 2002, 137–141.
•„За микенската лира“, Годишен зборник на филозофскиот факултет во Скопје 56, 2003, 341–362.
•„Авлоси (au–ro? – auloi) во Микенскиот свет?“, Жива Антика 53, 2003, 137–141.
•„Музиката кај Хомер“, Годишен зборник на филозофскиот факултет во Скопје 57, 2004.
•„Псалтирот на псалмописецот Давид,“ Годишен зборник на филозофскиот факултет во Скопје 58, 2005, 231–241.
•„Библиографија на академик Петар Хр. Илиевски,“ Жива Антика 55, 2005, 23–44.
•„За транскрипцијата на старогрчките антропоними и топоними на македонски јазик,“ Зборник на научни трудови од научниот собир Јазичната политика и статусот на македонскиот јазик (одржан на 30-31 март 2005), Јазикот наш денешен кн. 13: едиција во чест на Благоја Корубин, ИМЈ: Скопје 2006, 141–162. [со Саракински, В.]
•„Homer and the South-Slavic Epic Singers,“ Годишен зборник на филозофскиот факултет во Скопје 59, 2006, 343–352.
•„Епски пејачи во Микенскиот свет?“, Folia Archaeologica Balkanica I, In Honorem Verae Bitrakova Grozdanova, Skopje 2006, 75–84.
•„Hermaphroditus: the Other Face of Hermes?“, Sobria ebrietas: у спомен на Мирона Флашара, Зборник Филозофског факултета, серија А: Историјске науке, књига XX, Београд 2006, 47–58.
•„Organon – по трагите на еден назив на непознат музички инструмент во Светото Писмо,“ Класика – Балканистика – Палеославистика: материјали од научниот собир по повод одбележувањето на 85-годишнината од раѓањето и 60 години научна работа на академикот Петар Хр. Илиевски, МАНУ, Скопје 2007, 139–147.
•„Библиографија на академик Петар Хр. Илиевски,“ Класика – Балканистика – Пале-ославистика: материјали од научниот собир по повод одбележувањето на 85-годишнината од раѓањето и 60 години научна работа на академикот Петар Хр. Илиевски, МАНУ, Скопје 2007, 409–438. [= 9. ЖАнт. 55, 2005, 23–44]
• “Zeus and Dionysus in the Light of Linear B Records”, Colloquium Romanum, Atti del XII colloquio internazionale di Micenologia, Roma, 20-25 febbraio 2006, voll. I–II. Pasiphae 1–2, Pisa: Roma 2008, 223–230.
• “On the Origin of Gusla in the Balkans”, The Balkan as a Musical Crossroad, SOKOM: Skopje 2008, 207–215.
•„Одисеевата претстава за светот“, Мираж 22, 2009.
•„Митот за Европа – во потрага по изгубениот идентитет“, Зборник на трудови од Меѓународна научна конференција [[Македонија и соседите (по повод јубилејот 60 години Институт за историја (8–9 декември 2006 г. Скопје), Филозофски факултет – Скопје 2010, 300–307.
•„Одисеевата претстава за светот“, во В. Томовска, В. Мартиновски (прир.), Одисеи за Одисеја (Зборник на трудови од научна работилница одржана на 1 јуни 2009 г. Филолошки факултет, Скопје), 2010, 73–83.
• “Gusla: the origin and beyond”, Živa Antika 61, Skopje 2011, 49–59.
• “di-wi-ja and e-ra in the Linear B texts”, in Pierre Carlier (ed.), Études mycéniennes 2010, Actes du XIIIe colloque international sur les textes égéens, Sèvres, Paris, Nanterre, 20-23 septembre 2010, Biblioteca di Pasiphae 10, Pisa-Roma 2012.
• “Некои размислувања за мик. Pa-si-te-o-i ’на сите богови‘”, in P. Ilevski, V. Mitevski, R. Duev, Ad perpetuam memoriam Michaelis D. Petruševski, Živa Antika Monographs No 10, Skopje 2012, 79–86.
•„Тајната книга (Распитот Јованов)“, Епоха Св. Климент Охридски. Македонскиот јазик и македонската книжевност од епохата на Св. Климент до епохата на Блаже Конески: прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, Книга 28, МАНУ 2016, 1271-1277.
•“The Religion of ‘Old Europe’ and the Problem of the Later Development of the Cult of the Sky God”, Živa Antika 66, Skopje 2016, 15 –23.
• “Written evidence for the Minoan god from Dicte”, Živa Antika 67, Skopje 2017, 21–30.
• “Migrants et réfugiés dans le monde Mycenéen? Les sources écrites”, Živa Antika 68, Skopje 2018, 25–38. [со Саракински, В.]
• “Some Thoughts on Indo-European Supreme God”, Živa Antika 69, Skopje 2019.
• “The Family of Zeus in Early Greek Poetry and Myths”, Classica Cracoviensia 22, 2019.
•„Платоновиот мит за пештерата: над алегорија“ (“Plato’s Myth оf the Cave: Looking Beyond the Allegory”), Прилози – Одделение за лингвистика и литературна наука. Contributions. Section of Linguistics and Literary Sciences XLVI, 1-2, MANU, 2019 г.
• “Organon – tracing the name of an unknown musical instrument in the Bible”, Živa Antika 69, Skopje 2019.