Рамиз Зекир
(Пренасочено од Рамиз Зеќир)
Рамиз Зекир (роден на 24 ноември 1933 година во Охрид) — македонски и југословенски кајакар.[1]
Рамиз Зекир | ||
Роден | 24 ноември 1933 Охрид, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Занимање | кајакар |
Настапувал заедно со Усни Доко каде заедно членувале во ВК „Стрмец“ во Охрид, каде што во 1948 година учествувале на првенствата на Југославија во кајак двосед (К–2) на мирни води. Освоиле прво место на 1000 м во 1952, три први места на 500, 1.000 и 10.000 м, а во К–4 на 500 м второ место во 1953 година. Самостојно освоил и прво место во К-1 на 500 м (1950). Во екипна конкуренција освоиле: второ (1950 и 1952), прво (1954) и три трети места (1948, 1949 и 1953). Настапиле за Репрезентацијата на Југославија на Светското првенство на мирни води во Макон (Франција, 1954), а во К-4 го освоиле деветтото место[2].
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Зекир“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 568. Text "series " ignored (help)
- ↑ Мицковиќ, Миодраг (12 октомври 2007). „СТИЛ: Спортот низ времето“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2009-01-09. Посетено на 2009-12-01.