Раковини исфрлени на плажа во Валенсија, Шпанија; речиси сите се единечни капаци на школки, главно од Mactra corallina
Рачно избрани раковини од мекотели (школки и полжави) од плажата во Клактон на Море во Англија
Група раковини, главно школки од семејството Pholadidae
Мешани раковини на плажа во Венецуела
Ракови пустиници вселени во раковини од морски полжави кои живееле во Персискиот Залив
Група раковини од морски полжави кои се разликуваат по големина, облик и комбинација на модели.

Раковина[1][2] позната и едноставно како школка[3][4] — тврд, заштитен надворешен слој обично создаден од животно или организам што живее во морето. Повеќето раковини се направени од мекотели, како што се полжави и школки за да се заштити нивната мека внатрешност.[5] Празни раковини често се наоѓаат исфрлени на плажите. Раковините се празни бидејќи животното умрело, а меките делови се распаднале или биле изедени од друг организам.

Раковината обично е егзоскелет на безрбетник (животно без 'рбет) и обично се состои од калциум карбонат [5] или хитин. Повеќето раковини што се наоѓаат на плажите се раковини од морски мекотели, делумно затоа што овие раковини обично се направени од калциум карбонат и подобро се издржуваат од раковините направени од хитин.

Освен раковините од мекотели, други раковини што можат да се најдат на плажите се раковините од Cirripedia, Xiphosurida и Brachiopoda. Морските анелидни црви од фамилијата Serpulidae создаваат раковини кои се цевки направени од калциум карбонат зацементирани на други површини. Раковини има и од морските ежови, крабите и јастозите. Додека повеќето раковини се надворешни, некои цефалоподи имаат внатрешни школки.

Раковините луѓето ги користеле за многу различни цели низ историјата и праисторијата. Сепак, морските раковини не се единствениот вид раковини; во различни живеалишта има раковини од слатководни животни како што се слатководни школки и слатководни полжави и раковини од копнени полжави.

Собирање

уреди

Морските раковини најчесто се наоѓаат во наносите на плажите, што е природно ѓубре што се исфрла долж плажите од брановите и плимата и осеката. Раковините многу често се исфрлени на плажа празни и чисти, животните веќе умреле.

Празните раковини честопати ги собираат посетителите на плажата. Сепак, поголемиот дел од морските школки кои се нудат на продажба комерцијално се собрани живи (често на големо) и потоа убиени и исчистени, специјално за комерцијална трговија.[6] Овој вид на експлоатација од големи размери понекогаш може да има силно негативно влијание врз месните екосистеми, а понекогаш може значително да ја намали распределбата на ретки видови.

Создавање на раковините

уреди

Морските раковини ги создаваат мекотелите кои ги користат за заштита.[7] Мекотелите имаат надворешен слој од ткива на нивните тела – мантија – кој го создава материјалот на школка и кој ја поврзува раковината со мекотелите. Специјализираните клетки во мантијата ја образуваат раковината користејќи различни минерали и протеини.[7] Протеините потоа се користат за да се создаде рамка што ја поддржува растечката школка. Калциум карбонатот е главното соединение на структурата на раковината, што помага во атхезијата.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „раковина“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „раковина“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „школка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „школка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. 5,0 5,1 „How are seashells made?“. Woods Hole Oceanographic Institution (англиски). Архивирано од изворникот 22 март 2022. Посетено на 14 мај 2024.
  6. „Seashell Souvenirs Are Killing Protected Marine Life“. Animals. 16 July 2018. Архивирано од изворникот на 16 July 2018. Посетено на 19 март 2019.
  7. 7,0 7,1 7,2 „How are seashells made?“. Woods Hole Oceanographic Institution. 2022. Архивирано од изворникот на 20 март 2022. Посетено на 21 март 2022.

Надворешни врски

уреди