Почетен курс за Википедија



Добредојдовте на Википедија на македонски јазик, слободна on-line енциклопедија започната во август 2003 година!

Ве повикуваме на заедничка соработка при создавањето на нови енциклопедиски содржини и подобрување на постоечките.


Еве неколку страници кои може да ви бидат од помош:


Своите придонеси во статиите не ги потпишувајте, додека коментарите на соодветните страници за разговор, корисничките страници и селската чешма Ве молиме да ги потпишувате на тој начин што ќе притиснете на копчето од лентата со алати или ако напишете 4 тилди (~~~~).

Сопствената корисничка страница (наслов: "Корисник:Ваше корисничко име") можете да ја уредувате по сопствена желба во согласност со правилата за уредување на корисничките страници.


Ве молиме не вметнувајте заштитени материјали без дозвола од нивниот сопственик!

Не копирајте содржини од други веб страници ако немате добиено изрична согласност за тоа. Ако имате добиено согласност, напишете го тоа на страницата за разговор или едноставно додадете го тоа овде. Но задолжително, прво тоа направете го, а потоа започнете со вметнување на преземените содржини.

Ве молиме, имајте во предвид дека сите придонеси на Википедија се смета дека се објавени под ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.


Поздрав, --Brest-bot (разговор) 12:29, 16 март 2009 (UTC)

Александар Белов уреди

Здраво. Нема проблем за грешките тие се поправаат. За сликите, морам да ти кажам дека политиката за подигнување слики е доста строга на Википедија. На Википедија се дозволуваат слики кои немаат авторски права, односно слободно да се користат. Такви слики се слики кои се постари од 70 години, имаат слободна лиценца или ако сликата е подигната од самиот автор. Не знам кој ги правел сликите за Белов, ама очигледно тие се правени во студио и правата на сликите ги има најверојатно самиот автор или фото студиото. Ако не сте вие тој фотографер, тогаш сликите не се слободни и тоа е кршење на авторски права. Сега за сега треба да ставиш таму кај што си ги подигнал соодветна лиценца зошто воопшто немаш ставено ливенца. Понатака ќе видиме што ќе решат таму. Поз--Никола Стоіаноски 23:19, 15 мај 2010 (UTC)

Нема проблем тука сме да помогнеме. Вие во поглед на текстот што го вметнавте завршивте одлична работа, е сега нормално е да не сте знаеле за сите политики на Википедија па затоа не е некој голем проблем. Ако најдеме слика без авторски права ќе ја подигнеме, а текстот е супер. Поз--Никола Стоіаноски 09:06, 16 мај 2010 (UTC)