Добре дојде!

Здраво, Bukefal80, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! -- Поречанец A? 09:44, 3 октомври 2007 (UTC)

Здраво Букефал! Гледам се трудиш да допринесеш во македонската Википедија, добра работа правиш ;) Би те замолил само да внимаваш на некои ситни работи, коишто се тешки за поправање:

  • Кога правиш внатрешни врски со [[ и ]], внимавај да не направиш нешто вака: [[Јазикот]], бидејќи не постои статија со име Јазикот, туку само Јазик. Соодветно би било вака: [[Јазик]]от или [[Јазик|Јазикот]] Во вториов случај, името што е лево од знакот | е врска до статијата Јазик, а текстот десно од знакот е текстот што ќе се прикаже на готовата статија. Ќе изгледа вака: Јазикот.
  • Некои поими имаат повеќе значења, на пример „рак“ како болест и „рак“ како хороскопски знак. Статијата Рак (хороскопски знак) се разликува од статијата за болеста Рак по тоа што во загради има појаснување. За да направиш врска до хороскопскиот знак рак, а на статијата да се прикажува само името рак: [[Рак (хороскопски знак)|рак]]. Ќе се прикаже следново: рак.
  • Ставај внатрешна врска до една статија само еднаш во едно заглавие (секција). На пример, ако пишува: „Скопје е голем град. Во Скопје има трговски центар.“, тогаш искористи внатрешна врска само на првиот збор „Скопје“, вака: „Скопје е голем град. Во Скопје има трговски центар.“ Во секое заглавие, први само по една врска за секој збор што треба да има врска.
  • Внимавај на зборовите „сѐ“, „нѐ“, „ѝ“ итн, бидејќи се пишуваат со надреден знак (за да се разликуваат од „се“, „не“, „и“...). Буквите „Ѐ ѐ Ѝ ѝ Ô ô“ можеш да ги најдеш под прозорецот за уредување (кадешто се другите помошни тагови).
  • Кога подигнуваш слики, пожелно е да им даваш погодни имиња. На пример, поубаво би било да се вика сликата „Kineski horoskop.jpg“, отколку „ojojoj.jpg“, нели? :)
  • Кога правиш нова статија, обиди се да додадеш врски до истата статија на други јазици. Тоа се прави на крајот од статијата, вака:

[[en:imeto_na_angliskata_statija]]
[[de:imeto_na_germanskata_statija]]
итн... Ако можеш, убаво би било да додадеш барем една таква врска, па некој поискусен ќе се снајде. За да сфатиш како изгледаат тие врски, погледни на некоја готова статија, на пример како што додадов на статијата Астрологија (најдолу во изворниот код).

  • Исто така, пожелно би било да ги категоризираш статиите. На пример, статијата Хороскоп би требало да спаѓа во категоријата Астрологија. Тоа се прави вака: [[Категорија:Астрологија]]. Статијата сама ќе се додаде во таа категорија. Гледај секогаш да ги пишуваш имињата правилно.

Ова е она најважното за една статија да биде пристојна, како за почеток. Најубаво би било да го разгледаш изворниот код на една добра статија, па сам ќе сфатиш што е што, како се прават тие работи и сл. Ако ти треба било што, слободно прашај ме! Поздрав, Поречанец A? 11:38, 4 октомври 2007 (UTC)


Glory, Glory Man United

уреди

Здраво Букефал. Гледам дека доста се распиша во статијата за Манчестер Јунајтед. Прекрасна работа! Само една мала забелешка: ако можеш да ги македонизираш имињата на фудбалерите (односно да ги трансформираш од латиница во кирилица Eric Cantona --> Ерик Кантона). Ако нешто имаш проблем со транскрипцијата (иако не верувам дека ќе ги имаш) слободно прашај! Поздрав, --Виктор Јованоски 15:25, 9 февруари 2008 (UTC)

Си ја подигнал сликата Слика:22sld1.jpg, но, за жал, постојат два проблема:

  • има лошо име;
  • нема информации за сликата (извор, лиценца/дозвола).

За првото е полесно: едноставно не подигнувај слики со таков наслов; потруди се да дадеш описен наслов (како на пример, Manchester Utd pobeda.jpg или нешто слично). Било што, само да не се бројки и букви без врска. За второто, само наведи од каде е сликата и кој ги има авторските права. Ако не си сигурен како да го означиш тоа, кажи ми мене од каде ти е сликата, јас ќе ги ставам информациите. Поздрав. --iNkubusse A? 06:59, 22 мај 2008 (UTC)

сега добро ли е? ако не е стави ти ок? поздрав--Bukefal80 07:09, 22 мај 2008 (UTC)
Во ред е, сега ќе ги проверам авторските права и дозволата за праведна употреба (најверојатно ќе помине за праведна употреба). Во иднина, те молам известувај ме или ставај ја ознаката {{незнам}}, ако не си сигурен за авторските права и дозволата. --iNkubusse A? 07:41, 22 мај 2008 (UTC)
Слика:Нов Олд Трафорд.jpg е заштитена и веројатно може да се квалификува како праведна употреба, но кога постои доволно соодветна слободна слика, секогаш се заменува со слободната. Во случајов, мислам дека може да ја користиме Слика:Old Trafford inside 20060726 1.jpg (во Ризницата е, во јавен домен). Се надевам дека е истиот стадион хаха :D Патем, за некои слики од статијата за Манчестер ставив објаснување за праведна употреба, ама за некои нема никакви информации. --iNkubusse A? 13:00, 26 мај 2008 (UTC)

Орденче

уреди
 

Поздрав за одбраната ваша статија ФК Манчестер Јунајтед. Дано да ги има повеќе такви--Астрион 15:30, 26 мај 2008 (UTC)

Иницијатива за квалитетни статии

уреди
Иницијатива
           Здраво, Bukefal80!
Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:59, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива 25.000

уреди
Иницијатива
         Здраво, Bukefal80!
Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:59, 13 декември 2008 (UTC)