Разговор:Шаховска стратегија и тактика

Последен коментар: пред 13 години од Brest-bot на темата brest-bot проверка на правопис

Пробав колку што можам да ја преведам шаховската терминологија со споредба на терминологијата во сродни јазици, ама не сум сигурен дали сум ја погодил сосема. Дали е некој запознаен со неа за да ме исправи? --Б. Јанкулоскиразговор 06:45, 6 Јуни 2006 (UTC)

Бојан, не сум лично запознат со шаховската термионлогија на професионално ниво, но се консултирав со шаховски играч. И во главно, термините се добри со таа разлика што ми беше предложено кочница и врзувања да бидат ставени под еден наслов - врзувања, зашто во нашиот јазик изгледа немаме верзија кочница. Исто така, ендшпил би можел да биде преправен во завршница, зашто иако има таков термин, не се користи.

Сепак, има некои грешки во имињата на шахистите во оваа, а и во статијата шах - некои очигледно се печатни грешки но мора да се поправат - (Нимзович - Нимцович; Висњанатхан - Вишванатан), па ќе се обидам колку што можам да ги поправам. --Виктор Јованоски 19:09, 28 март 2007 (UTC)

„Нимзович“ го исправив каде најдов грешки, а „Висњанатхан“ гледам дека веќе е поправен, иако искрено речено не верувам дека јас сум авторот на таа транскрипција :)

Благодарам за ангажманот во врска со терминологијата - ове беше корисно. Се разбира, секој што ќе наиде на грешка е добредојден да ја исправи, но ова тука едновремено служи и како референтна страница за конкретниот карактер на поправките. --Б. Јанкулоскиразговор 22:20, 28 март 2007 (UTC)

Да прецизирам - употребата на „кочница“ сега е исфрлена и нејзината содржина сплотена во рамките на „Врзување“. Исто така „ендшпил“ е насекаде заменет со „завршница“, освен само на едно место каде се споменува постоењето и на тој алтернативен термин. Гласот за ова страница да оди како одбрана веќе го дадов --Б. Јанкулоскиразговор 01:49, 29 март 2007 (UTC)

brest-bot проверка на правопис уреди

не може наместо неможе, разлеани зборови. Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 09:24, 4 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.Одговори

Назад на страницата „Шаховска стратегија и тактика“.