Разговор:Снегоодалка

Последен коментар: пред 2 месеци од P.Nedelkovski на темата Назив

Назив

уреди

Здраво @P.Nedelkovski и @Bjankuloski06, ве означувам двајцата како едни што ја имаат најмногу уредувано статијава, а Пецо ти ја имаш и создадено, бидејќи има еден корисник кој создаде слична тема под називот „крпљи“, па затоа мислам дека најдобро е вие двајца да ја видите оваа статија и да одлучите за називот уште еднаш, а и да се спојат двете статии во една. --Ehrlich91 (разговор) 21:08, 2 октомври 2024 (CEST)Одговори

Здраво Ehrlich91, недвојбено двете статии треба да се спојат. Што се однесува за називот, крпља го најдов на kajak.mk, maiss.mk и turnimedakinisam.mk, со тоа што кај последново мрежно место даден е како алтернатива (србизам) за „дрезга“ кој бил позајмен од бугарскиот јазик. На denar.mk наведен е како „снежница“ со алтернативи „дрезга“ и „крпља“. Називот „крпља“ се користи во српскиот, хрватскиот и словенечкиот јазик и според https://fran.si/iskanje?View=1&Query=krplja&hs=1 неговата етимологија е:
ETIMOLOGIJA: = hrv., srb. kȑplja, star. češ. krpě < pslov. *kъrpľa iz ide. baze *kerh1p- ‛kos usnja ali tkanine; čevelj’ tako kot litov. kùrpė, latv. kur̃pe, stprus. kurpe ‛čevelj’, sorodno z gr. krēpís ‛čevelj, temelj’, lat. carpisculum ‛vrsta obuvala’, stir. cairem ‛čevljar’, stnord. hriflingr ‛čevelj’
Со оглед дека зборот има прасловенско потекло, би можел да се користи и во македонскиот со соодветено приспособување. Според мое размислување тоа приспособување би било на крајот на зборот со оглед дека во македонскиот јазик најдов само 2 збора што завршуваат на „-ља“ (беља - турцизам и рубља - русизам), а нема ниеден кој завршува на „-пља“. Со оглед дека зборот „крбла“ постои, има смисла крпља да премине во „крпла“.
Ова е аматерско размислување и би требало да побараме помош од некој стручњак за ова поле. P.Nedelkovski (разговор) 18:02, 3 октомври 2024 (CEST)Одговори
Назад на страницата „Снегоодалка“.