Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Предлошка:More footnotes

Moдeрни крпљи со рамка од алиминиумска цевка, и оптегнат неопрен врз истата
Класична крпља од дрвена рамка, мрежа од сплетени кожени врвци (метални делови на рамката и грубо ткаење)
Традиционални крпљи

Крпљи се посебни помагала за движење во природа кои служат за одење врз снег. Со нивната голема газна површина крпљите ја распределуваат телесната маса на лицето кое ги носи и овозможува да не се пропаѓа во подлабок снег. Имаат ремени или други средства кои се нагодуваат крпљите да можат да се прицврстат на обувки кои се користат за движење во снег.

Tрадиционалните крпљи имаат рамка од тврдо дрво испреплетена со тенки кожени врвци. Модерните крпљи се направеи од лесен метал, пластика и други синтетички материјали.

Во минатото, крпљите биле неопходен дел од опремата на секој оној кој зависел од двжење во длабок снег и чести снежни врнежи, како на пример ловците на животни за крзно. Крпљите и денес се користат во области каде моторните возила не можат да пристапат или се незгодни за употреба. Како и да е, денес крпљите најмногу се користат за рекреација.

Пешачењето со крпљи се учи лесно и во соодветни услови е релативно безбедна и нескапа рекреативна активност. Како и да е, движењето со крпљи по замрзнат стрмен терен бара и напредни вештини и посебни крпљи кои имаат подвижни дерези, слични на оние за планинарење и алпинизам.

Развој

уреди

Почетоците

уреди
 
Tрaдициoнaен изработувач на крпљи околу 1900 - 1930 год.

Пред луѓето да изработуваат крпљи, природата нудела примери. Некои животни, како на пример зајакот Lepus americanus низ годините еволуирал со поголеми стапала овозможувајќи им на овие зајаци побрзо движење низ длабк снег.[се бара извор]

За појавата и пориодот на користење на крпљите не се знае многу иако повеќето од историчарите веруваат дека крпљите се измислени пред околу 4000 - 6000 години, најверојатно започнувајќи од Средна Азија.[1] Британскиот археолог Џаки Вуд претпоставувал дека опремата за која се тврди дека е рамка од ранец на енеолитската мумијата Етци е всушност дел од крпља.[2] Страбон напишал дека жителите на Кавказ прцврстувале рамни површини од кожа на своите стапала како и рамни дрвени штици. Како и да е, „традиционалните“ крпљи како што ги знаеме денес имаат нпосредно потекло кај домородното население во Северна Америка, како на пр. племињата Хурон, Кри и тн..[3] Самуел де Шамплан во своите патеписи напишал, (мислејќи на племињата Хурон и Алгонквин):„Зиме, кога има многу снег, тие (индијанците) прават еден вид крпљи кои се два до трипати поголемо одошто тие во Франција, ги врзуваат на своите стапала и така одат врз снегот без да пропаѓаат во него, инаку не би биле способни да ловат или да одат од едно место до друго.“

Крпљите кај домородното население во Северна Америка

уреди
 
Припадници на племето Оџибва танцуваат со крпљи. Може дасе забележат крпљи со преден и заден жилест дел. Цртеж на Џорџ Кетлин
 
Tрaдициonaлно крпљи од долината на реката Јукон.
 
Tрaдициoнaлни крпљи од племето Ину во облик на опаш од дабар. Се забележува фината плетка.
 
Moдeрни ловечки крпљи од Aтaбaскa
 
Крпљи од племето Дин

Домородното население во Северна Америка ги развило најнапредните и најразновидните крпљи до почетокот на XX век. Различните облици биле прилагодени кон различните услови во секоја област.[4] И покрај големата разновидност во облиците, крпљите се всушност еден од неколкуте културни елементи заеднички за сите племиња кои живееле онаму каде има снежни зими, всушност, во Северните делови на Северноамериканскиот континент. Скоро секоја култура од американските староседелци развила свој особен облик на крпља, од кои наједноставните биле оние во далечниот север.[5]

Иниутитие имале два вида, едните триаголни во облик и околу 46 cm во должина, а другите скоро кружни, и обата вида ја остликуваат потребата за што помало пропаѓање во длабок, растресит и прашнест снег. Како и да е, наспроти општоприфатеното верување, Инуитите не ги коистеле многу своите крпљи бидејќи повеќето од своите патувања во зима ги правеле преку морски мраз или преку тундрата, каде снегот не се наталожува до толку голема мера.

Кон југ крпљете станува сè потесна и подолга, едни од најголемите се ловечките крпљи од племето Кри, кои се скоро 1,8 m долги и завиткани нагоре во предниот дел.

Карпљите од Aтaпaска се направени за брзо движење врз сув прашнест снег преку рамни, отворени простанства во Алјаска и Канадскиот Североисток. Тие биле користење за движење покрај санки со кучешка запрега, како и пробивање патека за истите. Може да бидат долги и до 2,1 m, и се тесни со предниот дел завиткан нагоре.[4]

Крпљите од племето Оџибва се направени за лесно маневрирање, и се зашилени и на преднио и задниот дел, и со тоа со нив може полесно да се чекори наназад. Исто така лесно е изработуваат, бидејќи надворешната рамка се прави само од два дела..[4]

Племето Хурон имале крпљи кои биле потешки во задниот дел, што ги прави полесни за движење нанапред но не бш лесни за скршнување. Доволно се широки така што најголемата широчина од едната крпља да биде покрај задниот тесен дел од другата крпља, и со тоа чекорењето не треба да биде со премногу раширени нозе.[4]

Крпљите развиени од страна на ирокезите се потесни и пократки, отсликувајќи јапотребата за маневрирање во шума.

Крпљите во облик на мечкина шепа се нашироки користени во густите шуми во Квебек and Лабрадор. Немаат опашест заден дел, и со тоа со нив полесно се скршнува.[4]

Домородното население од Средишние низини од Северноамериканскиот Континент носеле крпљи во сезоната на зимски лов на бизон пред да почнат да користат коњи.

Користење на крпљите во Европа

уреди

Користење на крпљите во Евроазија пред контактот со Американскиот континент

уреди

IВо 2016 година, „најстарата (пронајдена) крпља во светот“, најдена во глечер кој топи во Доломинитите во Италија, се претпоставува дека е од 3800 and 3700 година пр.н.е. Станува збор за крпља со груба рамка.[6][7][8]

„Крпљите-скии“ направени од полно дрво, всушност кратки и широки верзии на традиционалните скии, се користеле во Евроазија. Тие биле направени од лесни дрва како бор. Тенките скии било попопуларни. И обата вида на скии и крпљи биле прекриени со крзно за да не лизгаат надолу при искачување нагоре по стрмнина.[9] Во 2016 година, „најстарата (пронајдена) крпља во светот“, најдена во глечер кој топи во Доломинитите во Италија the oldest [extant] snowshoe in the world", found in a melting glacier in the Dolomites in Italy, was dated to between 3800 and 3700 BCE. It was a crude frame snowshoe.[7][8][9]

Користење на крпљите во Европа

уреди

Користење на крпљите во Евроазија пред контактот со Американскиот континент

уреди
Праисториски (791–540 пр.н.е) „крпљи-скии“ направени од полно дрво пронајдени во планинските ледници во Норвешка. Изрезбаната хоризонтална дупка се користела за да се врзат за стапалото, како традиционалните европски скии (кои по сè изгледа дека биле повеќе распространети); долниот дел не е потрошен, што значи најверојатно бил прекриен со крзно за да не пролизгува.[9]
Слични Источносибирски обувки од 1800-тите години, од народот Чукчи. Се забележуваат крзната против пролизгување.

Во 2016 година, „најстарата (пронајдена) крпља во светот“, најдена во глечер кој топи во Доломитите во Италија, се претпоставува дека е од 3800 and 3700 година пр.н.е. Станува збор за крпља со груба рамка.[10][11][12]

„Крпљите-скии“ направени од полно дрво, всушност кратки и широки верзии на традиционалните скии, се користеле во Евроазија. Тие биле направени од лесни дрва како бор. Тенките скии било попопуларни. И обата вида на скии и крпљи биле прекриени со крзно за да не лизгаат надолу при искачување нагоре по стрмнина.[9]

Во северозападниот дел од Северна Америка во раниот XX век, Роалд Амундсен ги споредил Норвешките скии изработени од полно дрво кои ги користел со крпљите од меснот население кои ги користеле неговите придружници во патувањата; проценил дека во одредени услови скиите се побрзи, но и крпљите се побрзи во други.[13]

По контактот со американскиот континент

уреди
 
Приказ на шведски патник од XVI век каде и коњон и човекот носат крпљи

Крпљите од северноамериканскиот вид биле приватени од Европејците за време на раниот колонијализам во на териториите кои подоцна станале Канада и Соединетите Држави. Француските трговски патници кои низ Северноамериканскиот континент превезувале и продавале крзно, започнале да патуваат низ терторијата на племето Кри, Хурон и Алгонквин во доцнииот XVII век за да ловат животни и тргуваат со добра. За да можат да патуваат ефикасно во теренот и климата, ги користеле алатките на домородното население, како крпљи и кануа.

Оксфордскиот речник изјавува дека зборот „snowshoe“ (крпља) се користи кај англичаните уште од 1674 година. Во 1690 година, откако Француско-Индијанска ограбувачка група нападнала Британска населба близу денешен Скенектади, Њујорк, Британците зеле крпљи и ги бркале напаѓачите скоро 80 km, и на крајот си ги зеле назат и луѓето и добрата грабнати од страна на напаѓачите. Крпљите станале популарни и во времето на Француско-индијанските војни, за време на траењето на т.н. Битка на крпљи, каде борците од обете страни носеле крпљи на снежната покривка која, според изјавите изнесувала 1,22 m.

Крпљите во облик на „капка солза“ биле користени од страна на дрвосечачите и се долги околу 1,0 m и соодветно широки, додека крпљите на тргачите се долги над 1,5 m и доста тесни. Овој облик е стереотипна за крпљите, и наликува на тениски рекет, па од таму и францускиот назив за крпља е raquette à neige (рекет за снег). Овој облик е копиран од страна на Канадските клубови за крпљи во доцниот XVIII век. Цел на нивното основање е воена обука, станале првите рекреативни корисници на крпљи.

Клубовите за крпљи како Монтреалскиот клуб за крпљи (1840 год.) ја скратиле крпљата во форма на капка на 100 cm во должина и 38 - 46 cm во широчина, малку завиткувајќи го предниот дел нагоре, а задниот дел завршува во еден вид опаш. Со ова тие направиле доста лесна крпља за тркачки намени, но доста цврста за патување и лов. Опашот на крпљата ја чува права при чекорење.

Податотека:Snowshoes two styles.JPG
Крпљи во облк на капка солза и облик на мечкина шепа во паркот Гатино
 
Комерцијално достапни крпљи со два зашилени врвови; се забележува грубата изработка.

Друга варијанта, крпљата во облик на „мечкина шепа“, задниот дел е завиткан но не е шилест. Во минатото многу ентузијасти тешко се привикнувале на ова, бидејќи ваквие крпљи се пошироки во средината и доста незгодни и гломазни, имаат предност во тоа што лесно се пакуваат и не зафаќаат многу простор. Развиени се два облици на традиционалните крпљи во облик на мечкина шепа: иточната верзија е користена од луѓето кои собирале смола од оморика и се состои од овална рамка со дрвени пречки, а западната верзија се состои од заоблена триаголна рамка и без дрвени пречки.

Tрaдициoнaните крпљи се прават од една летва од цврсто дрво, најчесто од бел јасен (Fraxinus americana), закрвено во заоблена рамка и прицврстено на краевите а на средината притегнато со лесна дрвена пречка. Просторот во рамката е испреплетен од мрежа од кожа од ирвас исечена на тенки врвци, а оставен е само мал отвор зад пречката за предниот дел од од стапалото во мокасини. Ваквите крпљи се прицврстуваат за мокасините со помош на кожени ремени, некогаш со помош на токи. Ваквите крпљи и ден денес ги исработуваат и продаваат домородците во Америка.

Во споредба со модерните крпљи изработени од американските домородци, крпљите од дрво и кожа изработени во Европа имаат полабаа и поедноставна плетка, со пошироки кожени врвци, а со тоа и поевтини за изработка.[4] Како и да е, ваките крпљи може да пропаѓаат повеќе во прашнест снег.

Модерни крпљи

уреди
 
Канадска двојка оди со крпљи во 1907 година
 
Одење со крпљи во Керава, Финска во месец Март 2011 година

Покрај домородното население во Америка и некои натпревари како на пример Актичкие Зимски Игри, всушност веќе многу малку од стромодните крпљи се користат од страна на ентузијасти, иако има вредност во занаетчиската вештина за нивната изработка. Тие некогаш се користат како украси, поставени на ѕидовите над огништата во планинските куќи.

Иако многумина од ентузијастите претпочитаа алуминиумски крпљи, сеуште има голема група на ентузијасти што користат крпљи и повеќе претпочитаат дрвени крпљи. Дрвените рамки не мрзнат толку бргу. Многумина исто така претпочитаат дрвени крпљи затоа што се многу тивки.

Додека рекреативното користење на крпљи започнало со клубовите за крпљи во Квебек, Канада (кои организирале настани каде трките биле комбинирани со добра храна и пијалок), производството на крпљи за рекративна намена целисходно запонала во доцниот XIX век, кога сероизното рекративно користење на крпљи станало пораспространето.

Во доцниот XX век крпљата поминува низ коренито преобликување. Започнува во 1950-тите години кога Вермонт-скиот производител „Tubbs“ го создава моделот „Green Mountains Bearpaw“, со што се комбинира краткиот облик на тој вид со уште потесната широчина користена претходно (Pospisil 1979). Ова бргу станува еден од најпопуларните видови на крпљи во своето време.

„Западот“

уреди

Во 1972 година, експериментирајќи со новите облици во Вашингтонските Каскадни Планини, Џин и Бил Пратер ги создале крпљите кои ги знаеме денес. Тие започнале да користат алуминиумски цевчиња и плетените кожени врвци ги замениле со подлога од неопрен и најлон. За да може поедноставно да се користат за планинарство и алпинизам, Пратеровите развиле и посебен систем за врзување на крпљата кон обувката, и шилци како крампони на долната страна на крпљата.

Произвоителот Sherpa Snowshoe company започнал да ги произведува овие "Западноамерикански" крпљи (популарно во Запдниот дел од САД) и се покажале доста популарни. Во Источниот дел од САД корисниците на крпљи најпрвин биле скептични, верувајќи дека оваа конструкција е непотребна во источниот дел, сè додека Пратеровите ја покажале зголемената цврстина на овие нивни крпљи на планината Вашингтон во Њу Хемпшир.

Кај овие крпљи се користи рамка од алуминиум или не'рѓосувачки челик и користи технолошки напредни решенија со пластика и вбризгано лиење во калапи сè со цел да се изработи полесна и поизржлива крпља. Ваквите крпљи налагаат малку одржување, и најчесто имаат вградени шилци слични на дерези.

Некои модели, како на пример „Denali“ од производителот Mountain Safety Research, не користат метална рамка и на нив може да бидат поставени и продолженија на опашот. Поновите модели имаат по подигнувачи на петицата, за да потпомогнат при движење на нагорнини.

Користењето на цврста подлога наместо плетена била изненадување за многумина ентузијасти, бидејќи долго време се верувало дека плетката е неопходна за да се спречи наталожување на снег на долната страна на крпљата. Како и да е, во пракса се покажало дека многу малку снег пробива низ отворите на било кој вид на крпља.

Неопренските и најлонски подлоги исто така покажаа супериорна водоотпорност, а и не се истегнуваат како кожните кога ќе се намократ ниту им е потребно премачкување со бродски лак, и овие својства на модерните крпљи станале доста ценети. На крајот се заменети со уште полесни материјали како полипропилен. Со ова се стигна и до појавата на крпљи на надувување направени од различни платна како кордура или термопластичен полиуретан (ТПУ).

Овие конструкции на крпљи се за поатплетска намена, и помогнаа спортот да доживее преродба по периодот на намалената популарност кога луѓето кои се рекреираа на зима најчесто го одбираа скијањето. Во САД, бројот на луѓе кои рекреативно се движат со крпљи се има тројно зголемено за време на 1990-тите години.

Всушност, многу скијачки центри со достапен терен веќе им нудат патеки за пешачење со крпљи на своите гости, и некои попиларни области за пешачење, излети и планинарење имаат ист број на посетители како и за ремена топлите летни викенди.

Некои модерни крпљи имаат рамки кои имаат вертикални рабови наместо цевки, и со тоа целите рабови на крпљата добиваат функција на дереза.[14]

Избор на крпљи

уреди
 
Соодветно нагодени ремени на две крпљи од различна големина. Се забележува користењето на камашни.

Како што многу зимски рекреативци повторно го откриваат пешачењето со крпљи, многу повеќе нови модели на крпљи стануваат достапни. Скијалиштата и продавниците за опремаза спортови во природа нудат и крпљи за изнајмување.

Денешните крпљи се поделени на три вида:

  • крпљи за аеробен тренинг или трчање (мали и лесни, не се наменети за користење за поголеми тури во поголеми планини);
  • рeкрeaтивни крпљи (млку поголеми, наменети за лесни до средно тешки пешачења од 4,8 - 8 km;
  • планинарски крпљи (најголеми, наменети за серизно движење на нагорнини, патувања на долги растојанија и користење надвор од разгазени патеки).

Големините се изразени според должината капрњата, иако крпљите не се потполно правоаголни. Планинарските крпљи се барем 70 cm долги 25 cm широки, полесен пар на крпљи за трки може да бдат малку потесни и долги 64 cm или пократки.

Без разлика од намената и големината, сите дрвени крпљи се нарекуваат „традиционални“ крпљи, а сите крпљи изработени од други материјали се наречени „модерни“ крпљи.

И покрај овие варијации во намената за која би се користеле, потешките луѓе треба да планираат да купам погоеми крпљи. Вообичаена формула е дека за секој килограм телесна маса, потребни се 14,22334330711956 квадратни центиметри површина на крпљата. Корисниците на крпљите исто така треба да ја земат предвид и вкупната заедно со опремата и облеката која ќе ја носат при движење со крпљите, особено доколку разгазуваат неразгазен снег. Оние кои планираат да се движат низ подлабок снег треба да користат уште поголеми крпљи.

Денес многу поризводители вклучуваат вредност за колкаво оптоварување се наменети нивните крпљи, иако нема некој одреден стандард за тоа.

Поврзување на крпљите за обувките

уреди
 
Tрaдициonaлно врзување и чизми со мек ѓон од типот камик
 
Долната страна од модерната крпља со врзување со фиксна ротација, се гледаат шилците против пролизгување на стрмни падини

Како што често е случај и со алпските скии, крпљите со дрвена рамка и соодветните ремени за врзување најчесто се продаваат и купуваат одделно отколку заедно. Најчесто станува збор за врзување во облик на буквата „Н“, каде е една платнен ремен кај петицата се прекрстува со друга од предниот дел и уште една над лакот на стапалото, наликувајќи на буквата „Н“.

На моредните крпљи, постојат два начини на врзување за стапалата: со фиксна ротација (познато и како „ограничена ротација“) и со полна ротација (познато и како „ротационо“ или „вртливо“) врзување.[15] Со било кој систем на врзување, петицата останува слободна, и разликата е како предниот дел од стапалото е прицврстено за крпљата.

Први врзувањето со фиксна ротација, крпљата е прицврстена за стапалото со еластична лента која го крева опашот на крпљата при секој чекор. На тој начин крпљата се движи заедно со стапалото и опашот не се влечка. Ова се претпочита за трки.[16] Врзувањето со полна ротација овозможува предниот дел остапалото да се извртува под платформата на крпљата. На тој начин шилците кои се на предниот дел од стапалото навлегуваат во површината на тлото при движење на нагорнина, но се релативно нездогни за странични чекорење и одење наназад затоа што опашот на крпљата се влечка и може да заглавува. При врзувзњето со фиксна ротација често снегот се исфрла на задниот дел на нозете на корисникот, ова не се случува со врзување со полна ротација.

Повеќе плантени ремени, најчесто три, се користат да да се врзе стапалото за крпљата. Некои видови врзување имаат еден вид чашка за предниот дел на стапалото. Важно е да може векое врзување и одврзување да се прави лесно, бидејќи истоо би се правело надвор во студено време најчесто со голи раце, со што се изложуваме на опастост од смрзнотини. Кога се ставаат крпљите на нозе, левата се разликува од десната по тоа што слободните краеви од ремените секогаш треба да шртчат нанадвор, за се спречи нивното ненадејно газење.

Во 1994 година, Бил Торес и негов помлад соработник развиле нагазни везови за крпљи, направени за полесно поставување на тврди пластични обувки (за алпинизам и планинарство) и да се менува од носење дерези или носење на крпљи по потреба.

Дополнителна опрема

уреди
 
Крпљи MSR од цврста пластика

При пешачење со крпљи најчесто се користат стапови за пешачење за да се одржува рамнотежа на снегот. Некои производители започнаа да произведуваат посебни модели на стапови за користењео со крпљи, со поголеми тркалца/крпљи на врвот заради помало пропаѓање во снегот одошто кај скијачките стапови (кои иста така можат да се користат).

Освен тоа, не е потребна некоја посебна дополнителна опрема. На повеќето видови обувки може да се поврзат крпљи, иако обувките за пешачење се избор кој се претпочита за рекреација, освен за трки, кга се користат патики за трчање. Како и да е, обувките за скијање функционираат само со одредени крпљи, како на пр. MSR Denali, инаку скијачите кои би сакале да користат крпљи за пешачење низ длабок снег би требало да носат други обувки за деловите каде планираат да пешачат со крпљи.

Доколку се оди во длабок снег, потребно е да се носат камашни за снегот да не може да навлезе во внатрешноста на обувките. Некои производители на своите крпљи ставаат прекривки за предниот дел или пак целата обувка за да ја обезбедат истата заштита од снегот.

Потребно е да се носи некое средство за носење на крпљите, особено доколку подрачјето кај што се пешачи не налага во целост употреба на крпљи. Некои производители на ранци имаат конструирано посебни ранци со платнени ремени на кои можат да се прицврстат крпљи. Исто така и производителите на крпљи започнаа некои торби за своите производи, барем со причина да се обезбеди заштита од шилците на долната страна од крпљите да оштетат површини со кои ќе дојдат во допир.

Бидејќи пешачењето со крпљи вообичаено со одвива во студено време, најчесто се носи облека во слоеви и се носи соодветна опрема.

Teхники кои се користат при пешачење со крпљи

уреди
 
Луѓе пешачат со крпљи во националниот парк на кањонот Брајс
Пешачење со крпљи

Крпљите најдобро функционираат кога има доволно снег под нив за да се набие во слој помеѓу нив и тлото, најчесто при снежна покривка од 20 cm или повеќе. Како и да е, наспроти општоприфатеното верување, крпљите не се однесуваат баш добро на многу замрзнат и стрмен терен. Споредено до дерезите, дури модерните крпљи од релативно ниско ниво многу слабо држат на мраз. Вообичаено е оние кои за првпат почнуваат да пешечат со крпљи да се движат на стрмни падини кон врвот и потоа да имаат проблеми при симнувањето надолу, што го прави симнувањето потешко од искачувањето. При услови со поеќе мраз потребни се алпинистички вештини и техники како и крпљи конструирани и наменети за движење во алпски и леднички терен.[17]

Одење

уреди

Начинот на одење е таков при кој малку се поткреваат крпљите и, како и при пошироки крпљи, да се лизнат внатрешните рабови на крпљите еден над друг, со тоа се избегнува крпљите да запнуваат на глуждовите што е неприродно и заморно.

Скршнување

уреди

Вештините за одење лесно се применуваат при движење со крпљи во права линија, но ова не е постојано случај, особено при вртење и скршнување. Со крпљите може и најчесто се прави, доколку просторот тоа го задоволува, едноставно одење во мал полукруг, на стрмна падина или на кратки растојанија како во тајга ова е непрактично или невозможно. Затоа неопходно е да се направи завртување во место за 180 степени, слично како на скии: се крева едното стапало доволно високо за целата крпља да биде во воздух додека со другата се стои врз снегот, се става стапалото под прав агол до однос на другото стапало, (или што е можно поблизу како што налага теренот или личното претпочитање на удобност) па се поставува врза снегот и бргу се прави истото движење и со другото стапало. Ова многу полесно се прави доколку се користат и стапови за пешачење.

Искачување

уреди
 
Некои модерни крпљи имаат шипки кои можат да зе завртат нагоре при искачување на стрмни падини. Петицата од стапалото се потира на оваа шипка и со тоа се олеснува искачувањето.

Додека напредокот во шилците и својствата против пролизгување кај модерните крпљи во голема мера го имаат олеснато користењето на крпљите при искачување на стрмни падини, на многу стрмни падини сеуште е корисно да се забиваат предните делови од крпљите со што се создаваат еден вид скалила, корисни и за наредните луѓе кои ќе поминат низ патеката.

Исто така, при движење со крпљи може да се користат техниките позајмени и од скијањето: движење на нагорнина со предните делови раширени за задните споени или пак странично чекорење.

За оние кои користат стапови а пешачење со крпљи, полесно е да се потпираат на стаповите и да се „оттурнуваат“ со нормален чекор нагоре по стрмнината.

Спуштање

уреди
 
Група од клубот Мазамас се симнува по гребенот Харди во националниот парк Бикон Рок

Откако ќе се разгази некоја патека на планина или рид, луѓето кои се движат со крпљи често бараат начини да го забрзаат пешачењето надолу а тоа да биде забавно и да ги одмори мускулите од нозете: со лизгањето низ патеката, или со лизгање на задникот. Ова не ја уништува патеката, всушност помага снегот подобро да се набие за следните луѓе кои ќе поминат.

Во случаи кога снегот на патеката мора да се разгазува и надолу и не е можно лизгање, некогаш со крпљите се трча надолу со претерани чекори, лузгајќи сосем малку на снегот, еден вид лизгање и чекорење. Исто така е делотворно е кога стаповите за пешачење се ставаат напред. Доколку оние кои носат стапови се доволно искусни, можат да користат скијачки техники како оние во телемарк скијањето.[се бара извор]

Пробивање на патека

уреди
 
Разгазена патека а крпљи

При новонападнат снег потребно е да се пробие, да се разгази патека со крпљи. Ова е заморно (потребно е околу 50% повеќе енргија отколку да се следи некој кој го разгазува снегот) дури и на рамен терен, и често во групи поединците се менуваат за напорот да се распредели на сите учесници.

Оној кој ја пробива, разгазува патеката може да го подобри квалитетот на истата со користење техника слична на чекорот за одморање при пешачење, со посилно нагазување: се прави кратка пауза по секој чекор пред да се префрли оптоварувањето врз стапалото. Со ова за израмнува снегот и подобро се набива за следните кои пешачат.

Добро разгазена патека најчесто претставува ров во снегот околу 15 - 20 cm длабок и 61 cm широк. Додека може да изгледа дека по често користење може да се гази без крпљи низ ваква патека, ова не е оправдано, и се прават преголеми дупки од обувките без крпљи, бидејќи снегот набиен од крпљи не е доволно набиен за да се гази врз него без крпљи а да не се пропаѓа.

Во услови на мек снег, да се следи патека претходно пробиена со турно-скии може да биде тешко со крпљи. Покрај тоа, бидејќи крпљите ги уништуваат патеките за скијање, многу скијалишта налагаат да не се движи со крпљи по патеките за скијање. Трагата која ја оставаат скиите е потесна одошто онаа направена од крпљи, и снегот е помалку набиен затоа што при движење со скии не се пропаѓа како при движење со крпљи. Доколку снегот е длабок и мек, со крпљи може а се пропаѓа ако се двиѓи низ трага од скии. Во повеќето случаи трагата од скии нуди мала предност и разгазување на одеелна патека за крпљи им овозможува и на оние кои пеѓачат со крпљи и на скијачите да имаат позитивно искуство и се избегнува наидувањето на скијачите кои често се незадоволни што патеките се разгазени од крпљи и уживањето во скијањето е во одредена мера намалено.

Придобивки

уреди
 
Млаа девојка на крпљи со дива птица

Пешачењето со крпљи ги зголемува можностите за физичка активност на отворено и зиме. Сè до 2006 година, барем 500 училишта во САД, повеќето не не исклучиво во североисточниот дел започнаа да вклучуваат пешачење со крпљи во програмата како дел од часовите по физичко воспитување како борба против зголемената телесна маса. Исто така постои и дополнителна придобивка дека пешачењето со крпљи е понежно одошто пешачење или трчање на истите патеки, бидејќи снегот ги ублажува ударите врз стапалото.

Од истата причина, е помалку штетно и за околината, бидејќи снегот исто така ги ублажува ударите кон земјата од многумина кои пешачат, намалувајќи ја ерозијата и другите дејства од прекумерно користење на патеките.

Пешачењето со крпљи ги прави и веќе познатите патеки за пешачење различни и нови. Им овозможува на луѓето да ги истражуваат тешкодостапните места во снежните предели, а кога снегот е доволно длабок, пречките како големите грамади камења или паднатите стебла лесно се преминуваат.

Несакани дејства

уреди

Млку зголеменото пешачење со крпљи може да доведе до мало закржлавување на стапалата и глуждовите поради невообичаениот од потребен за да се поткрене крпљата над површината на снегот. Канадските трговски патници во минатото ова го нарекувале „болест на крпљи“. Ова може да биде и многу опасно за некој што се наоѓа во оддалечена област. Иако модерните крпљи се полесни и поудобни, болеста на крпљите е сè поретка, сепак, постои опасност од оние кои подолго пешачат со крпљи. Во минатото, многумина кои се движеле со крпљи користеле лекови за ослободување од болка како трамадол за да си го олеснат движењето на нозете при итен случај.

И покрај тоа, кај многумина кои пешачат со крпљи, на нозете, а особено на мускулите на листовите, им треба време да се навикнат н движењето со крпљи на почетокот на секоја зима. Често после првите сериозни тури им предизвикува продолжена болка во мускулите.

Во гнил снег, доколку се гази на традиционалните крпљи каде оптоварувањето е само на предните и задните краеви, може да предизвика кршење кај традиционалните крпљи. Недостатокот на крпљи може да биде и животнозагрозувачки кога се наоѓаме далеку од помош.[14]

Зимска рекреација

уреди
 
Скијач пешачи со крпљи а на ранецот носи алпски скии

Повторната појава на интерес за пешачење со крпљи во доцниот XX век во одредена мера се должи на сноубордерите, кои користеа крпљи за да стигнат до места со прашнест снег подалеку во планината и други простори кога сеуште било забрането да се вози сноуборд воповеќето скијалишта. Сличноста на крпљите со сноубордот, во обликот и начинот на врзувње, доведе до тоа многумина сноубордери да користат крпљи и дури откако им било дозволено да возат сноуборд на повеќето скијалишта. И покрај тоа што денес повеќето скијалишта се отвоени за сноубордери, има зголеме интерес а возење сноуборд околу скијачките центри, во потрага по свеж прашнест снег. Скорешниот развој на сплитбордот им овозможи на сноубордерите да се движат надвор од скијалиштата без употреба на крпљи.

Некои скијачи исто така користат крпљи за да стигнат до некои области.

Друга популарна активност, особено меѓу планинарите е комбинација од трчање на скии на рамните делови, а на деловите кои потешко би се скоијале се преминува со крпљи.

Натпревари

уреди

Трчачите веќе имаат сфатено дека користењето на лесни крпљи им овозможува да продолжат со тренинзи и трки во време зиме. Исто како и трките во потопло време, ваквите трки покриваат различни рстојанија, од спринтови oд 100 m па сè до 100 km-ската трка „Iditashoe“. Дури има и трки со пречки.

Деловите со крпљи станаа значаен дел и од натпреварите во повеќе спортови, вклучувајќи и дел со крпљи во четирибојот (квадратлонот). Некои натпреварувачи како Сали Едвардс и Том Собал станаа и ѕвезди.

Додека натпреварите со крпљи постојат уште откако постојат и самите крпљи, како организиран спорт се релативно нови. во САД постои Асоцијација на спортови со крпљи во САД и е основана во 1977 година и служи како упрвно тело за натпревари со крпљи. Се наоѓа во Коринт, Њујорк, кој се смета и за „Главен град за крпљи во светот“ како резултат на ова. Слични организации, како Европскиот комитет за крпљи и јапонскат мрежа Чикју, постојат и во други земји а постои и натпреварувачко ниво.

Трките со крпљи се дел и од Арктичките Зимски Игри и на Специјалните Олимписки Игри. Како и да е, сеуште не е дел од олимписка дисциплина.

Одржување и поправка

уреди
 
Плетени кожени врвци

На летените кожени врвци кај традиционалните крпљи, како што е наведено погоре, им треба редовно импегнирање. Бродскиот лак се претпочита за премачкување на традиционалните крпљи. Благо брусење со брусна хартија е препорачливо пред да се нанесат 3 слоја бродски лак. На модерните крпљи не им е потребно некое одржување освен острење на шилците по желба или потреба.

Како и да е, обата вида на крпљи можат да се скршат. Најчесто оштетување кое се случува е на рамката, кое може привремено да биде санирано со стапче или парче дрво по потреба. Платформата ретко се кине, а доколку се дупне и изгледа дека дупката може да се прошири, најдобро е да зе закрпи или залепи како што се поправа и шаторско платно.

Пластичните стеги за врзување кабли може да користат на многу начини за поправка на крпљи. Во нужда можат да ги зацврстат скршените рамки од крпљите, да заменат скршена нитна, да заменат ремен но и да поправат и зимска облека.

  1. „Raquettes GV – Fabricant de raquettes à neige“. Raquettes GV. Архивирано од изворникот 2009-02-13. Посетено на 2009-01-08.
  2. „The Times – UK News, World News and Opinion“. Архивирано од изворникот 2019-12-18. Посетено на 2008-08-02.
  3. „Snowshoes and the Canadian First Nations“. Snowshoe Magazine. 17 June 2012. Архивирано од изворникот 29 January 2016. Посетено на 10 February 2016.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Gillespie, Craig (18 October 2004). „A Look Back – An Overview of Traditional Snowshoe Design In Canada“. Snowshoe Magazine. Архивирано од изворникот 8 January 2023. Посетено на 8 January 2023.
  5. "Snowshoes" The Museum Journal vol II #4:82-94 (December 1911) Penn Museum
  6. Squires, Nick (2016-09-12). „World's oldest snowshoe found on a glacier in Italy's Dolomites“. The Telegraph. Архивирано од изворникот 2022-01-12. Посетено на 2016-09-13.
  7. H. Steiner; Catrin Marzoli; Klaus Dieter Oeggl (January 2016). „A neolithic snowshoe from Gurgler Eisjoch (3134m) in the Pfossental/Schnals (South Tyrol)“. ResearchGate (англиски). Архивирано од изворникот Jan 8, 2023. Посетено на 30 June 2023.
  8. „Una ciaspola tardoneolitica dal Gurgler Eisjoch in Val di Fosse/Senales“. Air.unimi.it. Архивирано од изворникот 2023-01-08. Посетено на 2023-01-08.
  9. 9,0 9,1 9,2 Wikisource:Journal of Glacial Archaeology/Volume 3/Prehistoric and Medieval Skis from Glaciers and Ice Patches in Norway
  10. Squires, Nick (2016-09-12). „World's oldest snowshoe found on a glacier in Italy's Dolomites“. The Telegraph. Архивирано од изворникот 2022-01-12. Посетено на 2016-09-13.
  11. H. Steiner; Catrin Marzoli; Klaus Dieter Oeggl (January 2016). „A neolithic snowshoe from Gurgler Eisjoch (3134m) in the Pfossental/Schnals (South Tyrol)“. ResearchGate (англиски). Архивирано од изворникот Jan 8, 2023. Посетено на 30 June 2023.
  12. „Una ciaspola tardoneolitica dal Gurgler Eisjoch in Val di Fosse/Senales“. Air.unimi.it. Архивирано од изворникот 2023-01-08. Посетено на 2023-01-08.
  13. The North-West Passage; Being the Record of a Voyage of Exploration of the Ship 'Gjöa'. 2. New York: E.P. Dutton and Co. 1908.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Kрпљи