Разговор:Латвија

Последен коментар: пред 14 години од Zdravko на темата Летонија или Латвија?
ВикиПроект Географија Оваа статија е дел од ВикиПроектот Географија, кој има за цел да создаде опсежен географски водич на Википедија. Ако сакате да земете учество во проектот, може да ја уредите оваа статија, или да прочитате нешто повеќе на страницата на проектот, каде што меѓу другото може да се приклучите на проектниот тим и/или да дадете свој придонес на страницата за разговор.

Летонија или Латвија?

уреди

Според моето мислење оваа статија треба да се вика Латвија. И двете имиња се во оптек на македонски, но Латвија почесто се користи, а главниот аргумент ми е што и самите Латвијци на латвиски ја викаат земјата Латвија т.е. Latvija односно Latvijas Republika [1] (Zdravko 10:18, 5 септември 2006 (UTC))

Двете се користат точно, но во македонскиот јазик пофункционален е Летонија. Тој вториот аргумент не ти држи вода, бидејќи по таа логика Албанија не треба да ја викаме Албанија, туку Шипнија. Летонија е позастапен термин во македонскиот јазик, а Латвија навлегол преку англискиот.--Никола Стоіаноски 12:08, 8 ноември 2010 (CET)Одговори
И Летонија се користи во македонскиот јазик, исто како и Латвија. Не може да се негира ниту едното, ниту другото. И не може да се каже дека едната или другата алтернатива има „традиција“ во македонскиот јазик. Во таква ситуација кога не постои некоја посебна причина да биде Летонија или Латвија, најреално е да се тргнува од називот со кој самите жители на земјата ја именуваат таа земја, а тоа е Latvija односно Latvijas Republika.[2] (Zdravko (разговор) 12:11, 8 ноември 2010 (CET))Одговори
Значи, ниту едниот ниту другиот термин немаат „традиција“ во македонскиот јазик. А покрај тоа, едно обично пребарување на гугл покажува кој термин почесто се употребува во македонскиот јазик. Споредбата со Албанија не „држи вода“, бидејќи за разлика од овој случај, во случајот со Албанија, има воспоставено јазична традиција. (Zdravko (разговор) 12:15, 8 ноември 2010 (CET))Одговори
Гугл не го гледај, ти дава и српски извори. За разлика од Латвија, Летонија повеќе се среќава во македонската литература и е прв назив за државата на македонски, според мене. Латвија е најверојатно, како што кажав, преземен од англискиот јазик и почнал да се користи. Не го гледај ти како тие се нарекуваат, зошто ако одиме така сите држави ќе ги смениме: Грција > Елада, Белорусија > Беларус, Словачка > Словакија, Чешка > Чехија.... Сите овие се користат/ ле во македонскиот јазик за тие држави, но не се зачестени. Ова особено важи за Албанија, Чешка и Словачка, бидејќи ако прашаш некое старо лице ќе ти каже дека порано велеле за Албанија Шипнија. --Никола Стоіаноски 12:24, 8 ноември 2010 (CET)Одговори
Неме не ми е проблем Латвија, но зошто да одиме по англискиот јазик, бидејќи очигледно кај нас не е донесен овој термин од летонскиот јазик или пак од Летонците. --Никола Стоіаноски 12:26, 8 ноември 2010 (CET)Одговори
Значи, пак ќе нагласам: нема традиција во македонскиот јазик ниту терминот Латвија ниту терминот Летонија. Следствено, не може да се тврди дека терминот „Латвија“ е „преземен“ од англискиот јазик. Далеку повеќе, може да се тврди дека дека терминот „Летонија“ е „преземен“ од францускиот и другите романски јазици. Второ, пак ќе кажам, не може да се споредува помеѓу примери за кои има воспоставено јазична традиција и примери каде што нема јазична традиција. Нека се мешаат пребарувањата на српски, бугарски и слично на гугл, едноставно не може да се тврди дека има доминантна употреба во македонскиот јазик било на Латвија било на Летонија. Во таков случај, значи во случај на непостоење јазична традиција, единствено објективно стојалиште е да се тргне од тоа како ја нарекуваат луѓето што таму живеат.
Епа сега ти се повторуваш едно исто и што да ти кажам сега, да ти се согласам? --Никола Стоіаноски 12:37, 8 ноември 2010 (CET)Одговори
Споровите на википедија се решаваат преку изнесување аргументи, оттаму се тргнува. Јас ги изнесов моите аргументи. Она што ти не ми успеа да ми објасниш е: 1) зошто треба да мешаме ситуации со јазична традиција со ситуации со немање јазична традиција?; 2) дали може да се тврди дека која било од алтернативите е доминатна во македонскиот јазик?; 3) и ако не, како треба да постапиме во таков случај? (Zdravko (разговор) 12:46, 8 ноември 2010 (CET))Одговори
Јас не мешам јазична традиција, како прво, како второ не можеш да потврдиш кое е подоминантно и затоа не ти дадов цврст доказ. Ти исто така не ми даде никаков доказ освен дека така се викале самите. Има повеќе држави за кои немаме јазична традциција, ги викаме со едно име, а самите се викаат со друго. Вака можеме со денови...--Никола Стоіаноски 13:00, 8 ноември 2010 (CET)Одговори
ОК нека се вика Латвија, од причина што вака може да се расправа со денови и имам други обврски одошто ова. По овој принцип на именување држави според матичен назив сум одел и порано, така на пример е државата Зелен ’Рт или Свети Кристофер и Невис. Еве сега ќе те подржам и ќе се надоврзам дека и во двата случаја нема традиција во МК и за основа се земаат матичните називи.--Никола Стоіаноски 13:06, 8 ноември 2010 (CET)Одговори
Нема зошто да ме поддржиш или да не ме поддржиш. Прашањето е за која алтернатива е посоодветна во услови кога во македонскиот јазик нема јазична традиција ниту за Латвија ниту за Летонија, при што единствениот објективен критериум во таков случај е како ја нарекуваат земјата луѓето што таму живеат. Поздрав. (Zdravko (разговор) 13:32, 8 ноември 2010 (CET))Одговори

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 14:00, 26 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

Назад на страницата „Латвија“.