Разговор:Ден на македонската револуционерна борба

Последен коментар: пред 13 години од FlavrSavr на темата МАНУ

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • коешто наместо кое што, одделни зборови.
  • октомври име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 22:46, 25 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

Празник во служба на големобугарската идеја

Група првоборци и преродбеници

Ние, група борци и преродбеници, чувствуваме потреба, но и обврска, јавно да протестираме против вашиот обид, залоупотребувајќи ги верските чувства на Македонците и вашата премиерска позиција, да го озаконите предлогот 23 ноември, датумот на формирањето на ТМОРО-ВМРО, да стане државен празник како Ден на македонската револуционерна борба.

Протестираме затоа што со тој предлог вие јавно се ставивте во служба на големобугарската шовинистичка политика во Македонија. Всушност, вие со вашиот предлог нас-Македонците се обидувате да не' вратите во времето на владеењето на бугарската егзархија, која со помош и на ТМОРО-ВМРО жестоко настојуваше Македонците етнички да ги разнебити и побугарчи. Притоа, вие и вашите истомисленици вашиот предлог го поткрепувате со сосема неточни, измислени и злонамерни „историски факти“. Вие велите дека „нема посериозна организација која во последните 100, 150 или 200 години се борела на така организиран начин за слободата на Македонија“, односно според Комисијата за утврдување празници - „ВМРО прераснала во национална, патриотска и народна организација која ја започнала борбата за самостојност на Република Македонија“.

Дека зборувате како антимакедонци и како гласноговорници на големобугарската шовинистичка политика може да се види сосема јасно од бројните, кај нас одамна објавени, лични искажувања на најистакнати раководители на ТМОРО-ВМРО. Колку за потсетување, ќе ви спомнеме само неколку.

На пример, Тодор Александров и генералот А. Протогеров, во нивниот „Мемоар“ упатен до претседателот на Париската мировна конференција, за истиот проблем напишаа: „Против неправдата извршена во Берлин (значи против Санстефанска Бугарија, н.з.), македонското население го изрази своето негодување... Која беше раководната идеја на востанатиот народ? Се разбира дека длабоките национални чувства го влечеа кон државно обединување со Бугарија, но горчливото искуство и големите ризици поврзани со реализирањето на таа народна мечта го убедија населението да се стреми кон една полесно достапна цел - да се принуди Турција да им даде автономни права на Македонија и на Одринско...“. Потоа, во Протоколот усвоен на Вториот окружен конгрес на ТМОРО, одржан во август 1905 година во Солун биле внесени и следниве заклучоци: „И бугарскиот елемент во Македонија е проголтан од Егзархијата, зависен е од неа во секој поглед: црквите, училиштата, општините и училишните одбори, се се' тоа егзархиски институции... Влијанието на Егзархијата над Бугарите во Македонија е целосно... Ние мислиме и работиме како егзархиски платени агенти. Тоа само ние не можеме да го видиме, но тоа им е несомнено јасно на странците“. Што се однесува до суштината на „целосната политичка автономија на Македонија“, т.е. на „политичкиот сепаратизам“, еве како го објасниле неговите протагонисти: „... Според тоа, мнозинското македонско население било и ќе биде бугарско. Меѓутоа, точно како такво сака да има своја слобода, политички да биде организирано во една автномна област, одделена од бугарското кнежевство. Таква е доктрината на политичкиот сепаратизам...“.

Ќе го спомнеме уште и кажувањето на Ѓорче Петров. Тој вели: „Откако примивме 4.043 пушки, се прекрати примањето на пушките, зашто се расипавме со владата... Стоилов, тогашен претседател на бугарската влада наоѓаше дека не треба во Одринско да креваме револуција, за да не пострада таму бугарскиот елемент“.

Посебно сакаме, господине Груевски, да ве потсетиме дека во исто време додека Македонците егзархисти, патријаршисти, идеолошки жестоко поделени и спротивставени, безмилосно се убивале меѓусебе, практикувајќи ја својата „револуционерна“ идеологија за „исправање на неправдите на Берлинскиот конгрес“, во Македонија многу активно дејствувале бројни Македонци неегзархисти и непатријаршисти, национално сосема свесни, Македонци кои им се спротивставувале на авантуристичките намери на Македонците егзархисти и патријаршисти да ја уриваат Отоманската Империја и на тој начин да се поигруваат со судбината на македонскиот народ. И тие Македонци биле за обединување на Македонија, но на еден многу разумен, далекуглед и реален начин прифатлив и за Турција, на начин кој овозможувал признавање на Македонците како посебен национален ентитет и отворање училишта на македонски јазик, т.е. реализација на македонската национална преродба. Најактивни во овој поглед биле Македонците здружени во Македонското литературно другарство во Петроград на чело со нашиот прв преродбеник и основоположник на македонскиот литературен јазик, Крсте Мисирков. Но, за жал, сите тие биле жестоко прогонувани и присилени да дејствуваат надвор од својата татковина. Jingiby (разговор) 05:34, 23 октомври 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • сметаат наместо сметат, синтаксна грешка.
  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 10:32, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.Одговори

МАНУ

уреди

Во делот каде што се дискутира дека историчари од МАНУ биле против празнувањето на празникот, наведените причини се чини дека зборуваат афирмативно за празникот? За жал, бидејќи цитираниот извор веќе не е достапен онлајн, не можам да проверам за што станува збор? --FlavrSavr (разговор) 22:33, 22 октомври 2011 (CEST)Одговори

Назад на страницата „Ден на македонската револуционерна борба“.