Разговор:Анархизам

Последен коментар: пред 6 години од 77.28.45.190 на темата Анархо Капитализмот е Анархизам

brest-bot проверка на правопис уреди

  • Предвид наместо во предвид, синтаксна грешка.
  • Промена на зборови од типот сеуште во сѐ уште , одделни зборови сѐ, уште, е акцентирано.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 08:07, 25 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис уреди

  • Наводи наместо Референци, англизам.
  • цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.
  • цитирано списание наместо cite journal, назив на шаблон на македонски јазик.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 16:56, 1 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.Одговори

brest-bot проверка на правопис уреди

  • филизоф* во философ*, с наместо з, правописна грешка.
  • образование наместо едукација, непотребен интернационализам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 12:17, 6 август 2010 (CEST), управуван од Brest.Одговори

Ротбард не е анархист уреди

Ротбар е анархо-капиталист, не е анархист. Анархизмот е идеологија со огромна позадина и филозофија која што има голема традиција на противење на фашизмот, нацизмот и капитализмот. Поимот анархо-капитализам, како дел од анархизмот е исто толку контрадикторен како и поимите анархо-национализам, социјален анархо-национализам, или анархо-фашизам. Од друга страна, анархизмот не е анархија. Анархија е состојба во која нема власт. Анархизмот, како политичка филозофија, онака накратко кажано, значи негација на секаков наметнат авторитет. Во капитализмот (што го вклучува и анархо-капитализмот) застапени се ставови како наследство, нации и плата кои што се во директна контрадикција со основниот поим на анархизмот. Со други зборови, анархо-капитализмот како идеологија е обид за дискредитација на општата анархистичка филозофија. Анархо капитализмот не е ништо повеќе од бездржавен капитализам, затоа ќе замолам да се измени тој сегмент. Повторувам, Ротбард и на него сличните не се анархисти, туку анархо-капиталисти!

77.29.114.240 (разговор) 18:56, 3 ноември 2011 (CET)RastapunkОдговори

Директната демократија да се замени со консензуална демократија уреди

Директна демократија и консензуална демократија се видови на демократија од различен концепт. Поентата е дека е возможна консензуално директна демократија. Со тоа, оваа реченица е конфузна и неточна. Не може анархистите да се борат за укинување на директната демократија. Спротивно на директна демократија е преставничката демократија, а меѓу овие две стои мешана демократија од двете. Ниту мешаната, ниту преставничката демократија не се анархистички филозофии бидејќи преставниците имаат авторитет да одлучуваат во име на масата. Што ја прави директната демократија единствената форма која е прифатлива во анархистичко општество.

Друга поделба на демократијата е во поглед на бројот на гласови потребни за да се донесе одредена одлука. Постојат три форми: - Просто мнозинство (потребен е еден човек за да се одлучи нешто, да речеме 500 000 се за, а 500 001 се против, одлуката е против) - Дво - третинско мнозинство (името си кажува доволно) - Консензус (целосно согласување на дадена тема. Има огромна филозофија која објаснува како тој функционира. Тој бара обемни дебати и дискусии, бара луѓето да имаат иста заедничка цел за дадената проблематика и само да се дискутира начинот на делување и слично).


По овие сознанија, може лесно да е заклучи дека таа реченица е грешна. Односно, возможно е некои анархисти да се противат на просто мнозинската демократија и да се за консензуална, меѓутоа не и дека тие се противат на директната демократија.


77.29.114.240 (разговор) 19:06, 3 ноември 2011 (CET)RastapunkОдговори

Благодарам на забелешките, но овие измени можете и Вие да ги направите. исто така, би Ви препорачал да отвортие корисничка сметка, со што би имале преглед на Вашите придонеси и Вашето корисничко име би било препознатливо за останатите.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:45, 3 ноември 2011 (CET)Одговори

Анархо Капитализмот е Анархизам уреди

Објаснувањето за зошто Анархо Капитализмот не се смета за Анархизам е ужасно. Додека првичниот Анархизам навистина бил социјалистички настроен тоа не значи дека социјалистички(поточно колективистички) анархизам е единствениот прифатлив тип на анархизам. Цитирам : "Анархокапитализмот не е дел од анархизмот бидејќи не е антикапиталистички настроен." Според овој цитат мутуализмот исто така не би се сметал за анархизам бидејќи задржува некои капиталистички елементи па дури и (делумна) приватна сопственост. Дополнително, ова тврдење е само базирано врз основа на досегашната историја на Анархизмот а не на дефиницијата на Анархизмот. Анархокапитализмот ги има своите корења во пишувањата на Лисандер Спунер(дури и порано) и е актуелизиран поради Ротбард. Тој е форма на индивидуалистички анархизам. Поради сето ова сметам дека треба да има измени во делот во којшто се тврди дека Анархо Капитализмот не е анархизам.

77.28.45.190 (разговор) 21:56, 5 јули 2017 (CEST)XОдговори
Назад на страницата „Анархизам“.