Разговор:Александар Донски

Оваа статија е дел од ВикиПроект Книжевност, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за книжевноста. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектниот тим.


Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Untitled

уреди

Во вториот пасус се гледа дека Донски има Универзитетско образование, кое има допирни точки со историјата. Но сепак за да некој се занимава со историја т.е. да биде историчар не е нужно да има универзитетско образование. За него како историчар треба да зборуваат неговите дела. Со самиот факт што Донски има публикувано дела кои ја тангираат историјата може да се смета за историчар. Додавањето на придавки од типот аматер, популарен, псеводисторичар не е потребно.--brest 12:04, 2 јули 2007 (UTC)

  • Не сум запознат со биографијата на Донски. Но, доколку не е дипломиран историчар и тоа не е неговата професија, тогаш мислам дека не е соодветно да се третира како историчар, а посоодветно би било проучувач на историјата или вљубеник во историјата или нешто трето. Сепак, историјата не е уметност. За еден човек може да се каже дека е музичар или сликар т.е. уметник без притоа да има завршено соодветно уметничко образование бидејќи уметноста е дарба и не секогаш образованието е пресудно. Но, за некој да се занимава со историја, и уште повеќе да се нарече историчар, треба да има соодветно образование и тоа да биде професионална преокупација. Понекогаш поимите историчар и човек кој пропагира се испомешани. Ова е моето општо размислување и не се однесува конкретно за Донски за чијашто биографија имам минимални познавања. Поздрав --Amacos 15:44, 2 јули 2007 (UTC)
  • Бил Гејтс не го завршил своето униветзитетско образование во IT областа а сепак креирал продукти / дела, кои далеку ги надминуваат постигнувањата на повеќето дипломирани IT инженери. Уште повеќе, Бил Гејтс не ни започнал да студира на некој универзитет од областа на економијата а е еден од најлуцидните бизнисмени. Ќе се согласиш дека може да наведеме уште многу примери на личности кои постигнале многу а не поминале низ процесот на формално универзитетско образование. Сакам да кажам дека формалното универзитетско образование не е гаранција дека некој ги познава работите или не. Не сакам да го споредувам Донски со Бил Гејтс или некој друг. Останувам на стојалиштето дека во статијата за Донски треба да стои дека е историчар, ако баш прави проблем може да се стави додавката проучувач.--brest 17:39, 2

јули 2007 (UTC)

Ha, ha, toj se nasol da zboruva za "mongoloidnite" Bugari, a samiot e pluknat han Kuber. Prosti prijatele, ama so rasizam i ignoriranje na mnogu istoriski fakti ne se postiga nisto pozitivno vo makedonskite odnosi so sosedite. Vistinata koga togas ke izleze na videlo.Pozdrav, Cheers.24.86.110.10 06:38, 30 ноември 2007 (UTC)

Назад на страницата „Александар Донски“.