Разговор:Адмиралитетски јазици
Последен коментар: пред 11 година од MacedonianBoy на темата Погрешен наслов
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Адмиралитетски јазици“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Погрешен наслов
уредиСметам дека насловот е погрешен. Островите се Адмиралски, како и јазикот. Барем така беше во времето кога носев атлас на училиште.--Р ашо 21:30, 26 февруари 2013 (CET)
- Го имав тој проблем кога ги правев јазиците. На речник зборот „admiralty“ го преведува како „адмиралитет“. Хрватите ги превеле јазиците исто како кај нас, а Русите како Острова Адмиралтейства. Првично ми беше Адмиралски јазици/ острови, но го видов сето ова погоре и плус ако беше Адмиралски Острови, на англиски ќе беше Admiral Islands, не Admiralty Islands.--Никола Стоіаноски 21:42, 26 февруари 2013 (CET)
Зборот доаѓа од ова, но ние ги учевме како Адмиралски. Можеби кај нас е „традиција“ адмиралски???--Р ашо 21:52, 26 февруари 2013 (CET)
- Тоа е грешен српски збор, а да не беше атласот српски случајно? Admiralty на македонски е адмиралитет, а admiral e адмирал. --Никола Стоіаноски 21:53, 26 февруари 2013 (CET)