Разговор — форма на интеракција, спонтана комуникација помеѓу двајца или повеќе луѓе. Типично се појавува во усна комуникација, комуникација во вид на пиошана форма обично не се нарекува разговор. Развојот на комуникациски вештини и култура претставува важен дел од процесот на социјализација. Развојот на разговорните вештини во рамки на нов јазик претставува наочено вниумание на јазична настава и учење. Анализа на разговор е гранка во рамки на социологијата која ја изичува структура на организацијата на човечката интеракција, со поголем специфичен фокус на итеракција во разговор.

Карактеризација и дефиниција

уреди
 
Студент и професор разговараат во Шимер Колеџ.

Не постои генрално прифатена дефиниција за поимот разговор, покрај фактот дека за разговорот се потребни најмалку две лица. [1] Ритуалната размена, како меѓусебното поздравување, не претставува разговор, а исто така, и интеракцијата која вклучува означена дефиренцијална состојба (како наредби од господарот или сопственикот) не претставува разговор.[2] Интеракцијата насочена кон некоја тема или намера, исто така, не се смета за разговор. [3] Сумирајќи ги својствата, така се доаѓа до сознанието дека „разговор претставува вид на говор кој се случува информативно и со цел на воспоставување и одржување на социјални врски“. [4]

Од помалку техничка гледна точка, разговорот може да се дефинира како зборување на луѓето меѓу себе во друштвото.[5]

Разговорот ги следи правилата на бонтон, бидејќи тој претставува сцијална интеракција и затоа зависи од социјалната конвенција. Специфичните правила на разговорот потекнуваат од принципи на соработка. Неуспехот да се придружуваме до овие правила предизвикува разговорот да се влоши или евентуално да се прекине. Разговорот може да биде оптимална форма на комуникација, во зависност од тоа како учесниците намеруваат да се заврши. Разговорот може да биде идеален кога, на пример, секоја страна посакува релативно еднаква размена на информации, или кога страните посакуваат да создадат социјални врски. Од друга страна, ако постојаноста или способноста да се разгледуваат таков вид информации е важна, писмената комуникација може да биде идеална.

Класификација

уреди

Дискусии

уреди

Еден елементите од кои се состои разговорот е дискусија: споделување на мислења за теми кои се предмет на разговор во моментот. Во учтиви општества темата на разговор се менува пред таа да стане предмет на расправа. На пример, кога во теологијата кога се "дискутира" никој не инсистира некој посебен осврт да биде прифатен.[6]

Субјект

уреди

Многу разговори можат да бидат поделени на четири категории според нивната содржина:

  • Разговори за субјективни идеи, кои често служат да се прошири разбирањето и свесноста.
  • Разговор за објективни факти, кои служат за консолидирање на широко прифатен став.
  • Разговор за други луѓе (вообичаено отсутен), кој може да биде целосно критичен,конкурентен или поддржувачки. тоа вклучува и озборување.
  • Разговор за себе, кои некогаш вклучува потреба од внимание однесување или може да обезбеди релевантни информации за себеси на учесниците во разговорот.

Практично, неколку разговори спаѓаат во една категорија. Сепак, сразмерната распределба на било кој даден разговор помеѓу категории може да овозможи корисни прихолошки увид на групата разговарачи. Ова е причината поради која разговорите тешко се категоризираат.

Функции

уреди

Повечето разговори можат да се класифицираат според нивната цел. Крајот на разговорот може да се менува во тек на разговорот.

  • Функционален разговор е дизајниран да собира информации со цел да помогне во постигнување на поединечна или групна цел.
  • Муабет е вид на разговор кога темата е најмалку важна од постигнување на социјална цел зближување помеѓу луѓето или управување со лично одалечување.

Аспекти на разговорот

уреди

Разлики помеѓу мажите и жените

уреди

Студијата извршена во јули 2007 година од страна на професор Матијас Мехл од Универзитетот во Аризона дава резултати спротивни од народното популарно верување, постои мала разлика во бројот на зборовите употребувани во разговорот од мажите и од жените. Студијата покажува дека, во просек, двата пола користат 16 000 зборови на ден.[7]

Разговор помеѓу туѓинци

уреди

Постојат одредени ситуации, вообичаено при патување, кои резултираат со споделување на она што вообичаено би претставувало интимен општествен простор, како седење заедно во автобус или во авион. Во таквите ситуации има поголема веројатност туѓинците да споделат интимни лични информации коишто обично не би ги споделиле со туѓинец. Посебен случај е кога еден од патниците е професионалец за ментално здравје, а другиот споделува детали од својот личен живот со цел да добие помош или совет.[8]

Разговорот како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Варен 2006, стр. 8.
  2. Варен 2006, стр. 8-9.
  3. Варен 2006, стр. 9.
  4. Торбурн & Slade 2006, стр. 25.
  5. Конклин, Мери Грер. 1912. Разговор: што да се каже и како да се каже. Њујорк и Лондор: Фанк & Вагналс Компанија, стр. 21-32.
  6. Конклин, Мери Греер. 1912.Разговор: Што да се Каже и Како да се Каже" pp. 35 - 60 Њујорк и Лондон: Фанк & Вагналс Компанија.
  7. Newscientist.com Роксана Камиси, NewScientist.com портал за вести 6 July 2007: Мажите – другиот зборлест пол. Проверено на 8 јули 2007 година.(Оригинална статија: „Дали жените навистина повеќе зборуваат отколку мажите?“, Наука 6 јули 2007: 82 doi:10.1126/science.1139940.)
  8. „Заробен: Терапевт во авион“ статија од Лиз Галст во The New York Times 27 септември 2010, (пристапено 28 септември 2010)
  9. Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 33.
  10. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 235.
  11. Велимир Хлебњиков, Краљ времена Велимир I. Просвета: Београд, 1964, стр. 318.
  12. Архангел, Архангел 2. Македонска радио-телевизија, ДЕ Музичка и касетна продукција, МП 22081, 1993.
  13. Discogs, Električni Orgazam – Lišće Prekriva Lisabon (пристапено на 15.4.2021)
  14. IMDb, The Conversation (1974) (пристапено на 19.9.2020)