Рагнар Лодброк (старонордиски: Ragnarr Loðbrók, „Рагнар Кожни панталони“) бил легендарен [1][2] дански [3] викиншки херој и владетел, познат од старата нордиска поезија од викиншката ера и од древните саги. Според традиционалната литература, Рагнар се истакнал во бројните напади на Франција и Англосаксонска Англија за време на 9 век.

Рагнар Лодброк
Рагнар Лодброк
Починал(а)околу 865
Нортамбрија, Англија
ВераНордиски паганство
Рагнар на средба со Аслауг, слика на Август Малмстрем.
Слика од 19 век, извршување казна

Викиншките саги

уреди

Сагата за Рагнар Лодброк посочува дека Рагнар бил син на данскиот крал Сигурд Хринг.

Во Сагата за Хервар се вели дека кога умрел Валдар, неговиот син Рандвер станал крал на шведскиот дел од Данска, а на останатиот дел од Данска, крал бил Харалд Вартут. Харалд ги освоил сите територии што припаѓале на дедо му. По смртта на Рандвер, неговиот син Сигурд Хринг станал крал на шведскиот дел на Данска, најверојатно како потчинет на Харалд. Сигурд Хринг и Харалд се бореле во Битката кај Бравала, Естерјетланд, при што Харалд загинал заедно со голем број од своите луѓе. Сигурд завладеал со Данска, вклучувајќи ја и Шведска, од околу 770 година до неговата смрт, околу 804 година. Него го наследил неговиот син Рагнар Лодброк. Синот на Харалд владеел со Данска но како подреден на Рагнар, сè додека бил убиен од синовите на Рагнар.

Во Сагата за синовите на Рагнар се зборува дека големата викиншка армија што ја окупирала Англија во 865 година, ја предводеле синовите на Рагнар Лодброк.

Француски извори за Рагнар

уреди

Опсадата на Париз во 845 година била кулминација на викиншката инвазија на кралството на зазпадните Франки. Викиншките сили биле предводени од нордискиот водач наречен Рагнар.[4] Овој Рагнар бил идентификуван како легендарниот Рагнар Лодброк од сагите, но историчарите го оспоруваат таквото поистоветување.[5][6] Околу 841 година, на Рагнар му била доделена земја во Торхоут, Фризија, од страна на Карло Ќелавиот, но потоа Рагнар ја изгубил земјата како и наклоноста на кралот.[7] Викинзите на Рагнар го освоиле Руан на патот кон Сена во 845 година,[8], а Карло, решен да не дозволи да се урне базиликата Сен-Дени (која се наоѓала блиску до Париз)[8] ја поделил својата армија на два дела, и ги испратил од двете страни на реката.[5] Рагнар ја нападнал едната група која била помалубројна, заробил 111 војници на Карло, кои ги обесил на остров на Сена.[5] Ова го направил во чест на нордискиот бог Один,[4] како и да предизвика страв меѓу преживеаните војници на Франките.[5]

Синовите на Рагнар

уреди

Големата викиншка армија била предводена од синовите на Рагнар Лодброк, како одмазда на кралот на Нортумбрија кој го погубил Рагнар во 865 година. Големата армија била организирана и водена од браќата Ивар Бескостниот, Халфдан Рагнарсон, Бјорн Железниот и Сигурд Змискоокиот. Браќата се историски личности.[9]

Ивар Бескостниот бил водачот на оваа армија од 865 до 870 година, а потоа го снемува од англиските историски документи[10]. Англосаксонскиот историчар Етелвард ја запишал смртта на Ивар во 870 година[11]. Халфдан Рагнарсон станал водач на големата армија во 870 година, и ја водел во борбите за освојување на Весекс[12]. Голем број на викинзи пристигнале од Скандинавија, како војници на големата армија, предводени од кралот на Данска Багсег, кои се придружиле кон армијата на Халфдан.[13] Според англосаксонските хроники, Данците девет пати се судриле со западните Саксонци, вклучувајќи ја и Битката кај Ешдаун која се одиграла на 8 јануари 871 година, при што бил убиен Багсег.[14] Халфдан склучил примирје со наредниот крунисан крал на Весекс, Алфред Велики.[15]

Халфдан го наследил Багсег како крал на најголемиот дел од Данска во 871 година. Бјорн Железниот станал крал на Шведска и Упсала во 865 година, (година во која се смета дека умрел татко му Рагнар). Бјорн имал два сина, Рефил и Ерик Бјорнсон. Неговиот син Ерик станал крал на Шведска, а него го наследил Ерик, синот на Рефил. Сигурд Змискоокиот станал крал на Зеланд и на данските острови во 871 година, а во 877 година го наследил кралството на брат му Халфдан.

Наводи

уреди
  1. Magnusson 2008, стр. 106.
  2. Harrison 1993, стр. 16.
  3. Davidson 1980, стр. 277.
  4. 4,0 4,1 Kohn 2006, стр. 588.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Jones 2001, стр. 212.
  6. Sprague 2007, стр. 225.
  7. Sawyer 2001, стр. 40.
  8. 8,0 8,1 Duckett 1988, стр. 181.
  9. Holman 2003, стр. 220.
  10. Forte, Angelo; Oram, Richard; Pedersen, Frederik (2005-05-30). Viking Empires (First ed.). Cambridge University Press. ISBN 9780521829922
  11. Giles, J. A., ed. (2010-09-10). Six Old English Chronicles: Ethelwerd's Chronicle, Asser's Life Of Alfred, Geoffrey Of Monmouth's British History, Gildas, Nennius And Richard Of Cirencester. Kessinger Publishing, LLC. ISBN 9781163125991
  12. Forte, A; Oram, RD; Pedersen, F (2005). Viking Empires. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-82992-2. p. 72
  13. Hooper, Nicholas Hooper; Bennett, Matthew (1996). The Cambridge Illustrated Atlas of Warfare: the Middle Ages. Cambridge University Press. ISBN 0-521-44049-1. p.22
  14. Costambeys, M (2004). "Hálfdan (d. 877)". Oxford Dictionary of National Biography. Oxford University Press. doi:10.1093/ref:odnb/49260
  15. Forte, A; Oram, RD; Pedersen, F (2005). Viking Empires. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-82992-2. p. 72-73