Аслауг, (наречена и Аслог, Крака или Краба) била кралица во нордиската митологија која се споменува во повеќе нордиски саги како трета сопруга на Рагнар Лодброк.[1]

Аслауг Мортен Ескил Винге, 1862

Аслауг во легендите

уреди
 
Кралот Хејмер и Алсауг

Според Сагата за Рагнар Лодброк, Аслауг била ќерка на Сигурд и воинствената Брунхилда,[1] но била одгледана од очувот на Брунхилда, Хејмер. По смртта на нејзините родители, Хејмер бил загрижен за сигурноста на Аслауг, и затоа направил харфа која била доволно голема за да може девојчето да се скрие во неа. Потоа, тој патувал како сиромашен харфист, а девојчето го носел со себе скриено во харфата. Откако стигнале во норвешкото село Спангерид, останале да преноќат кај селаните Аке и Грима. Домаќините сметале дека Хајмер во харфата крие богатство, па го убиле. Но бидејќи во харфата го нашле девојчето, решиле да ја чуваат, и ја нарекле Крака (врана), криејќи го нејзиното благородничко потекло.

Еден ден додека се капела во реката, луѓето на Рагнар ја виделе и се восхитиле од нејзината убавина. Рагнар кога дознал за неа, им наредил на своите луѓе да ја донесат, со препорака да дојде ни облечена ни необлечена, ни гладна ни сита, ни сама ни во друштво. Аслауг се појавила облечена во мрежа, гризејќи кромид и во друштво на пес. Кога ја видел, Рагнар бил восхитен од нејзината убавина и од нејзиниот ум, па ја запросил, но таа го го одложила бракот додека тој да ја исполни својата мисија во Норвешка.[1]

Аслауг му родила пет сина: Ивар Бескостниот, Убе Рагнарсон, Бјорн Железниот, Хвитсерк и Сигурд Змискоокиот.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Jurich, Marilyn (1998). Scheherazade's sisters: trickster heroines and their stories in world literature (1. publ.. изд.). Westport, Conn.: Greenwood Press. стр. 160. ISBN 9780313297243.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-12-07. Посетено на 2018-01-17.