Птуј (замок)
Птујски замок (словенечки: Ptujski grad), познат и како Замок Птуј (словенечки: Grad Ptuj), — замок во градот Птуј, Словенија. Покрај него минува реката Драва, надгледувајќи го градот, и претставува една истакната знаменитост.
Птујски замок Ptujski grad | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Птуј |
Земја | Словенија |
Координати | 46°25′16″N 15°52′05″E / 46.420989° СГШ; 15.867928° ИГД |
Историја
уредиЗамокот бил изграден во средината на 12 век со цел градот да се одбрани од сè почестите напади од страна на Унгарците.[1] Кога замокот бил изграден, Птуј бил во сопственост на Салцубушрката архиепископија.
Извесен период бил во сопственост на загрепските језуити. Во 1656 година, поради финансиски тешкотии, језуитите го продале замокот на императорскиот германски фелдмаршал Волтер Лесли, Шкотланѓанец по потекло. Замокот бил темелно обновен за време на барокниот период. Поради крајот на османлиските инвазии, замокот го изгубил одбранбениот карактер. Генералот Волтер Лесли го претворил во рурално престојувалиште и имотно седиште. Неговите потомци го поседувале до 1802 година. По изумирањето на оваа лоза на Семејството Лесли, имотот го наследиле нивните роднини, Дитрихштајновци, но и тие изумреле во 1864 година. По нивното изумирање, замокот бил купен во 1873 година од грофицата Тереза фон Херберштајн (1822-1895), најстарата ќерка на Јозеф Франц фон Дитрихштајн. Тој останал во сопственост на Херберштајновците до 1945 година кога замокот станал национализиран.
Музеј
уредиВо годините по 1945 година, сите градби на ридот во замокот биле национализирани и претворени во музеј за регионална историја.[2]
Галерија
уреди-
Птујскиот замок над градот
-
Птујскиот замок со дворот
-
Старини прикажани во замокот
-
Птуј и Птујското Езеро гледани од замокот
-
Панорама на Птуј и замокот
Наводи
уреди- ↑ „Ptuj, Slovenia“ (англиски). Посетено на 10 јуни 2020.
- ↑ „Ptuj Castle and Museum“. Culture Slovenia (англиски). 28 февруари 2020. Посетено на 15 февруари 2023.
Надворешни врски
уреди„Птуј (замок)“ на Ризницата ? |