Протести во Белорусија (2017)

Серија на улични протести против претседателот Александар Лукашенко избувнаа при крајот на февруари во 2017 година. Демонстрантите се мобилизирале против данокот против невработените во Белорусија. Демонстрации и маршеви биле одржани во повеќе локации низ земјата, со димензии од неколку стотини до неколку илјадници демонстранти во дадено време.

Белоруските протести од 2017
Дел од Белоруското демократско движење
Авенијата на независност во Минск, блокирана од полицијата за немири (25 март 2017)
Датум17 февруари 2017[1] – околу 1 мај 2017
МестоПочнувајќи во Минск, ширејќи се низ Белорусија
ПоводОданочување на невработените (Уредба број 3)
Цели
НачиниПротести
Состојбаактивна
Страни во судирот

Белорусија Опозиција:

  • Обединета цивилна партија
  • Белоруска христијанска демократија
  • Белоруска социјалдемократска партија
  • Анархисти[2]

Белорусија Влада:

  • Министерство за внатрешни работи
Број
2,000 демонстранти (најмногу)[3]
Непознато
Настрадани
Задржанинад 700[4]

Контекст

уреди

Белорусија веќе неколку години е опишувана како „последната диктатура на Европа“, без можност за вистинска политичка опозиција против Лукашенко.[5] Претходните протести во 2011 и 2015 година резултирале со масовни апсења. Земјата исто така влезе во економска рецесија од 2015 година поради паѓањето на цените на бензин и истата година беше донесен закон за оданочување на невработените.[1] Околу 470,000 Белоруси биле должни да го плаќаат данокот, но само околу 10% го плаќале.[1]

Активности

уреди

Околу 2.500 демонстранти[6] излегле на улиците на главниот град Минск на 17 февруари за да протестираат против законот според кој секој кој работи помалку од 183 дена[7] годишно треба да плаќа 250$ за "изгубени даноци".[3] (Ова се претвора во околу 5 милиони рубљи—половина од месечната плата).[1] Законот беше непопуларен и исмејуван во јавноста како "закон против општествените паразити".[1] На 19 февруари, уште 2,000 демонстрираа во Гомељ.[3] Двете демонстрации биле мирни и без интервенции од страна на полицијата. Помали демонстрации биле одржани во другите градови.[6]

На 25 март, водачот на опозицијата Владимир Неклиајев, кој требаше да одржи говор за време на главниот протест беше запрен на границата наутро додека патувал кон Минск, според неговата сопруга.[8]

Владата ги бранеше масовните апсења и тепањата на граѓаните, тврдејќи дека полицијата пронајде "бензински бомби и автомобили полни со оружје" во близина на протестот во Минск.[9]

Хронологија на настаните

уреди

19 февруари

уреди
  • Брест – митинг на околу 100 демонстранти.[10]
  • Гомељ – процесија (од околу 1.500 до 3.000 луѓе)[11]
  • Гродно – неколку десетина луѓе марширале до општинската администрација[12]
  • Витебск – собир на околу 250 луѓе[13]
  • Могиљов – собит на 200 луѓе[14]

26 февруари

уреди
  • Брест – митинг на околу 300 учесници.
  • Барановичи – митинг на околу 300 учесници.
  • Бабрујск – се собраа околу 1.500 демонстранти.[15]
  • Витебск – повеќе од 2.000 демонстранти се собрале во близина на Пјерамохскиот плоштад. Ова беше значително повеќе од претходната недела. По половина час, демонстрантите од Пјерамохскиот плоштад тргнале кон Свабодниот плоштад (Плоштадот на слободата), каде што биле сместени градскиот извршниот одбор и регионалниот извршниот одбор. Група на провокатори со покриени лица извикуваа "Слава за Русија" на Плоштадот на слободата, но демонстрантите не ги поддржувале и провокаторите го напуштиле протестот. По мал митинг, протестот заврши.

5 март

уреди
  • Брест – митинг и процесија од 1,000 до 2,000 луѓе.[16]

Градоначалникот на Брест се сретна со демонстрантите.

10 март

уреди
  • Молодечно – имало митинг на Централниот плоштад, говори, усвојување на резолуција и процесија. Бројот на демонстранти беше од 500 до 1.000.

По митингот организаторите добиле 15 дена притвор[17]

На 11 март

уреди
  • Во Пинск околу 350 до 400 луѓе се собраа на плоштадот.[18]

12 март

уреди
  • Брест – на плоштадот се собрале 200 луѓе[19]
  • Бабрујск – околу 700 демонстранти се собраа на Пјерамохскиот плоштад, митингот беше спонтан, не биле присутни водачи на опозициите.[20][21][22]
  • Орша - повеќе од 1.000 луѓе биле присутни. Пред митингот, новинарите беа притворени за да се проверат нивните документи[23]
  • Рагачов - биле присутни околу 400 учесници. Водачите не биле на митингот. Луѓето дискутирале за актуелната влада и за тоа дали постои алтернатива на истата и се пожалиле за недостиг на работа.[24]

15 март

уреди
  • Могиљов – Повеќе од 500 жители на Могиљов отишле на протестот[25]

На протестот дошол и член на парламентот - Игор Марзалјук; пет лица биле уапсени[26]

  • Минск – од киното "Кастричник" до Плошча Бангалор и паркот Дружби народау поминале од 1,5 до 4,5 илјади луѓе, демонстрантите извикувале "Долго да живее Белорусија", "Не за уредбата број 3 – Лукашенко да си отиде!"[25]

Околу 40 луѓе беа притворени во Минск.[27]

  • Гродно – средбата започна со 300 демонстранти.[28] На крајот од протестот на плоштадот имало околу 1.000 демонстранти.[29][30]

25 март

уреди
 
Минск, Картричницкаја плошча, 17 февруари.
  • Минск – Неколку илјади луѓе излегоа на протест[31]

1 мај

уреди
  • Минск – 400 луѓе се собраа на забранет протест и покрај притворувањето на Микола Статкевич, водачот на опозицијата и главниот организатор на настанот.[32]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Makhovsky, Andrei (17 February 2017). „Thousands of Belarussians Take to the Streets to Protest 'Parasite Law'. Reuters.
  2. Rudnik, Alesia (17 March 2017). „Anarchists, the avangarde of social protests in Belarus“. Belarus Digest. Архивирано од изворникот на 2018-04-16. Посетено на 2018-04-25.
  3. 3,0 3,1 3,2 Makhovsky, Andrei (19 February 2017). „Belarus Tax Protests Spread Beyond Capital“. Reuters.
  4. Cпіс ахвяраў пераследу за акцыі грамадзянскага і сацыяльнага пратэсту: на 27 сакавіка – больш за 700 чалавек
  5. Andrew Osborn (20 December 2010). „Alexander Lukashenko: 'Europe's Last Dictator'. The Daily Telegraph. London: Telegraph Media Group. Посетено на 17 January 2012. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  6. 6,0 6,1 „Spate of Protests Breaks Out in Belarus“. Associated Press. 19 February 2017. Архивирано од изворникот на 2017-02-23. Посетено на 2018-04-25.
  7. Andrei Sannikov (2017-03-15). 'We are not slaves': Europe's most repressive state is reawakening“. The Guardian. Посетено на 2017-03-15.
  8. „Scores detained after defying Belarus protest ban“. Al Jazeera.
  9. „Belarus Protests: Government Defends Mass Arrests“. BBC. 26 March 2017.
  10. „В Бресте активисты кампании "За наш город" провели акцию за отмену декрета "о тунеядцах". News.tut.by. Архивирано од изворникот на 2017-02-22. Посетено на 2017-03-14.
  11. Артем А. Кобзев (2017-02-19). „В Белоруссии прошли массовые протесты против "декрета о тунеядстве": Белоруссия: Бывший СССР“. Lenta.ru. Посетено на 2017-03-14.
  12. „UPD."Марш рассерженных белорусов": в Гродно на акции против декрета о тунеядцах собралось несколько десятков человек“. 015.by. Архивирано од изворникот на 2017-02-22. Посетено на 2017-03-14.
  13. "Ситуация касается каждой семьи". Около 250 витеблян протестовали против налога на тунеядство“. News.tut.by. Архивирано од изворникот на 2017-02-22. Посетено на 2017-03-14.
  14. „В областных центрах Беларуси прошли митинги против налога на тунеядство — Барановичи. Intex-press — Новости Барановичского региона“. Intex-press.by. Архивирано од изворникот на 2017-02-21. Посетено на 2017-03-14.
  15. „Тысячи людей вышли на улицы в Витебске и Бобруйске“. Наша Ніва (руски). Посетено на 2017-02-26.
  16. „В Бресте проходит акция против налога на "тунеядство" – РИА Новости, 05.03.2017“. Ria.ru. 2017-03-05. Посетено на 2017-03-14.
  17. „Лебедько, Рымашевский и Губаревич получили по 15 суток за организацию "Марша нетунеядцев". News.tut.by. Архивирано од изворникот на 2017-03-11. Посетено на 2017-03-14.
  18. „В Пинске на "Марш нетунеядцев" собралось более 400 человек :: Сильные Новости — Гомель сегодня“. Gomel.today. Архивирано од изворникот на 2017-03-12. Посетено на 2017-03-14.
  19. „В регионах снова прошли "Марши нетунеядцев". Не обошлось без задержаний“. News.tut.by. Архивирано од изворникот на 2017-03-13. Посетено на 2017-03-14.
  20. „В Бобруйске среди ночи милиция задержала четырех человек“. Belaruspartisan.org. Архивирано од изворникот на 2017-03-13. Посетено на 2017-03-14.
  21. Радыё Свабода (2017-03-12). „В Бобруйске проходит "Марш нетунеядцев". Архивирано од изворникот на 2017-03-12. Посетено на 2017-03-12.
  22. Charter97.org (2017-03-12). „Жители Бобруйска: "Лукашенко, уходи! Нет тебе больше места среди народа!". Посетено на 2017-03-12.
  23. „Выступы за адмену дэкрэта №3 перараслі ў дэманстрацыі за адстаўку Лукашэнкі: 18 чалавек затрымана ў Оршы“. Nn.by. Посетено на 2017-03-14.
  24. Новости. „В регионах снова прошли "Марши нетунеядцев". Не обошлось без задержаний“. News.tut.by. Архивирано од изворникот на 2017-03-13. Посетено на 2017-03-14.
  25. 25,0 25,1 „Жители Могилева вышли на улицы (Видео, онлайн) – Хартыя'97 :: Навіны з Беларусі – Беларускія навіны – Рэспубліка Беларусь – Мінск“. Charter97.org. Посетено на 2017-03-15.
  26. „В Могилеве прошел "Марш нетунеядцев", к собравшимся вышел депутат Марзалюк“. News.tut.by. Архивирано од изворникот на 2017-03-16. Посетено на 2017-03-15.
  27. „После "Маршей нетунеядцев" в Минске, Гродно и Могилеве прошли задержания“. News.tut.by. Архивирано од изворникот на 2017-03-16. Посетено на 2017-03-15.
  28. „In Grodno around 300 people for "Not Parasites" march – Belarus, Minsk, Lukashenko, News of Belarus, Live Map of Belarus“. Belarus.liveuamap.com. Посетено на 2017-03-15.
  29. „Гродненчане вышли на марш протеста (видео, онлайн) – Хартыя'97 :: Навіны з Беларусі – Беларускія навіны – Рэспубліка Беларусь – Мінск“. Charter97.org. Посетено на 2017-03-15.
  30. „UPD."Марш рассерженных белорусов": в Гродно на акции против декрета о тунеядцах собралось несколько десятков человек“. 015.by. Архивирано од изворникот на 2017-02-22. Посетено на 2017-03-15.
  31. „Hundreds Of People Detained In Minsk“. Посетено на 25 March 2017.
  32. http://abcnews.go.com/International/wireStory/belarus-protest-draws-400-main-organizers-arrest-47131120