Промена

(Пренасочено од Промени)

Промена е поим кој означува премин од исто во различно.

Промената како философски концепт

уреди

Промената, квалитетот на непостојаноста и на текот имала прошарана историја како концепт. Во старогрчката филозофија, додека Хераклит ја сметал промената за секогаш присутна и за сеопфатна, Парменид го негирал нејзиното постоење. Овидиј, со неговото дело „Преобразби“, има големо значење за класичното тематско сфаќање на промената како преобразба. Птоломејската астрономија предвидувала главно статичен универзум, со случајни промени ограничени во помалку вредните сфери. Средновековната мисла гаела голема почит кон авторитетот и откровението, значително стеснувајќи каков било поттик за промена. Исак Њутн и Готфрид Лајбниц ги искористиле математичките концепти во калкулус|калкулусот за да добијат математички модели на промената. Ова претставувало голем чекор во разбирањето на текот и варијацијата.

Со појавата на индустријализацијата и капитализмот, важноста на иновацијата растела, и социјалните и политичките пресврти и притисоци често предизвикувале промена со насилна револуција (како во Северна Америка и во Франција на крајот од 18 век). На крајот од XX век, бизнис и Њу Ејџ размислувањата ентузијастички се фокусирале на трансформација во менаџментот, во функцијата и во менталните ставови, игнорирајќи или омаложувајќи ја промената во општеството или во геополитиката.

Културните ставови кон промената, сама по себе, може да припаѓаат на следниве две категории:

Промената може да бара организмите и организациите да се адаптираат (видете: Еволуција).

Менаџмент на промените

уреди

Промената како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Промени“ (англиски: Changes) — песна на американската рок-група Бенд оф Џипсис (Band of Gypsys) од 1970 година.[1]
  • „Промени“ (англиски: Changes) — песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви (David Bowie) од 1971 година.[2]
  • „Вечна промена“ (англиски: Perpetual Change) — песна на британската рок-група Јес (Yes) од 1971 година.[3]

Наводи

уреди