Македонски претседателски избори (2009)
Македонски претседателски избори (2009) — четврти претседателски избори во Република Македонија. Беа одржани на 22 март и 5 април 2009, во исто време со изборите за локална самоуправа. На изборите учествуваа седум кандидати, а победи Ѓорѓе Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
| |||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
|
Предизборни анкети
уредиСпоред анкетата, спроведена во јануари 2009 година, најголема поддршка имал Срѓан Керим, кој официјално подоцна истакнал дека нема да се кандидира за претседател, пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.
Анкета од февруари 2009 покажала дека Иванов води со 27%, а по него следеле Фрчкоски со 13%, Бошкоски со 10%, Селмани со 9% и останатите кандидати заедно со 18%. Во двобој, Иванов би победил над Фрчкоски со 36% наспрема 21%, но со голем број на неодлучени граѓани.[2] Анкета која била спроведена кратко пред изборите покажала дека Иванов води со 23,1% пред Селмани со 13,3% и Фрчкоски со 9,7%; 23,9% биле неодлучени.[3]
Прв круг
уредиВо првиот круг, Иванов водел значајно пред другите кандидати со 35%, наспроти Фрчкоски кој добил 20% доволни за второ место, и со тоа продолжил во вториот круг. Имер Селмани од Нова Демократија кој бил наречен „македонскиот Обама“ за неговата способност да ги пречекори етничките граници и да ги привлече и македонските гласачи, покрај албанските, бил најуспешниот од останатите кандидати, освојувајќи 15% од гласовите доволни за трето место, со независниот Бошкоски блиску зад него.[4][5] 103 гласачки места не можеле да бидат отворени поради обилните врнежи од снег; гласањето требало да биде одложено таму.[6] Меѓутоа, поради фактот што гласањето во тие места не можело да го промени на конечниот редослед во никој случај, тие сепак не биле отворени.
Скоро 7.000 македонски и 500 странски набљудувачи ги следеле изборите во околу 3.000 гласачки места.[7] Фер и демократски избори е точка која се смета за важен фактор за приклучувањето на Македонија кон НАТО и Европската Унија.
Втор круг
уредиНова анкета, спроведена една седмица пред вториот круг, покажала дека Иванов води со 25,4% од гласовите наспроти Фрчкоски со 13,8% (односно, 69% наспроти 31% од одлучените граѓани).[8][9]
Неколку дена пред да се одржи вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се согласиле да се поддржат една со друга и на локалните и на претседателските избори.[10]
Делумно поради постоењето на многу гласачи во избирачките списоци кои ја напуштиле Македонија пред многу години и живеат во странство, и делумно поради недостигот на мотив за етничките Албанци да учествуваат во вториот круг, постоеле стравувања дека може да не биде исполнет минималниот цензус од 40% во вториот круг, правејќи ги изборите неважечки.[11]
Резултати
уредиВо првиот круг кој бил одржан на 22 март 2009 никој од кандидатите не го освоил потребното апсолутно мнозинство, па бил одржан втор круг на 5 април 2009, во којшто се гласало за двата кандидати со најголем број гласови во првиот круг - Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчкоски.
Одзивот на гласачите во вториот круг бил 42,61%, малку над законскиот минимум од 40%.
Кандидати и партии-номинирачки | Прв круг | Втор круг | ||
---|---|---|---|---|
Гласови | % | Гласови | % | |
Ѓорѓе Иванов (ВМРО-ДПМНЕ) | 345.850 | 33,93 | 453.616 | 59,37 |
Љубомир Фрчкоски (Социјалдемократски сојуз на Македонија) | 202.691 | 19,88 | 264.828 | 34,66 |
Имер Селмани (Нова Демократија) | 147.547 | 14,47 | ||
Љубе Бошкоски (независен) | 146.878 | 14,41 | ||
Агрон Буџаку (Демократска унија за интеграција) | 73.629 | 7,22 | ||
Нано Ружин (Либерално демократска партија) | 40.042 | 3,92 | ||
Мируше Хоџа (Демократска партија на Албанците) | 30.225 | 2,96 | ||
Неважечки ливчиња | 32.386 | 3,21 | 45.589 | 5,97 |
Вкупно (одѕив %) | 1.019.268 | 100,00 | 764.039 | 100,00 |
Source: SEC, SEC |
Неважечки ливчиња
уредиИмало значаен број на неважечки ливчиња и во двата круга: 3,15% во првиот круг и дури 5,87% во вториот. Според извештаи од медиумите, тоа било резултат на апатијата на гласачите и разочараноста од истите. Имало извештаи за група на Facebook наречена „Гласајте за Чак Норис за претседател“ со илјадници обожаватели.[12] Имало извештаи според кои на илјадници ливчиња биле рачно допишани имиња како „Чак Норис“, „ГОСПОД“, „Џими Хендрикс“ или „Џорџ Буш“.[13][14]
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Државна изборна комисија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-04-09. Посетено на 2011-06-04.
- ↑ „Ivanov Leads in Macedonian Presidential Race: Angus Reid Global Monitor“. Angus-reid.com. 2009-03-02. Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012. Посетено на 2009-04-06.
- ↑ „Ivanov Ahead in Macedonian Election: Angus Reid Global Monitor“. Angus-reid.com. Архивирано од изворникот на 2009-03-22. Посетено на 2009-04-06.
- ↑ „Macedonia vote 'free of violence' - CNN.com“. Edition.cnn.com. 2009-03-23. Посетено на 2009-04-06.
- ↑ Mar 21, 2009 (2009-03-21). „AFP: Macedonia holds polls crucial for EU bid“. Google.com. Архивирано од изворникот на 2013-01-02. Посетено на 2009-04-06.
- ↑ „Quiet vote comforts Macedonia's EU bid | EU - European Information on Enlargement & Neighbours“. EurActiv.com. 2009-03-23. Архивирано од изворникот на 2009-11-23. Посетено на 2009-04-06.
- ↑ „Macedonia Holds Key Vote“, The Wall Street Journal, 2009-03-23, Архивирано од изворникот на 2009-03-24, Посетено на 2009-03-23
- ↑ „Вечер Online“. Архивирано од изворникот на 2009-04-02. Посетено на 2009-04-09.
- ↑ „Ivanov Could Secure Victory in Macedonia: Angus Reid Global Monitor“. Angus-reid.com. 2009-04-01. Архивирано од изворникот на 2009-04-02. Посетено на 2009-04-06.
- ↑ Makfax News Agency[мртва врска] (англиски)
- ↑ derStandard.at GmbH. „derStandard.at“. derStandard.at. Посетено на 2009-04-06.
- ↑ Jane's Foreign Report: Macedonian voters search for a hero (македонски)
- ↑ „Утрински Весник: Чак Норис, осми претседателски кандидат (со слики)“. Архивирано од изворникот на 2011-06-14. Посетено на 2009-04-09.
- ↑ Macedonians affirm their sense for humour during elections... Архивирано на 14 април 2009 г. (англиски)