Македонски претседателски избори (2004)

Претседателските избори во 2004 година беа трети непосредни претседателски избори. Беа одржани предвреме, поради смртта на Претседателот Борис Трајковски. Првиот круг се одржа на 14 април 2004 година (среда), а вториот круг на 28 април 2004 година (среда). На изборите учествуваа четворица кандидати, а победник беше Бранко Црвенковски од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Македонски претседателски избори, 2004
Македонија
1999 ←
14 април (прв круг)
28 април (втор круг)
→ 2009

 
Кандидат Бранко Црвенковски Сашко Кедев
Партија СДСМ ВМРО-ДПМНЕ
Добиени гласови Прв круг
385.347
Втор круг
550.317
Прв круг
309.132
Втор круг
329.179
Удел Прв круг
42,5%
Втор круг
62,6
Прв круг
34,1
Втор круг
37,4

претседател пред изборите

Борис Трајковски
ВМРО-ДПМНЕ

Избран за претседател

Бранко Црвенковски
СДСМ

Гласањето траеше од 07,00 - 19,00 часот. Војниците, лицата кои се на издржување казна затвор, внатрешно раселените лица и болните и немоќни лица гласаа на 13 април 2004 година.

Резултати уреди

Кандидати и партии-номинирачки Прв круг Втор круг
Гласови % Гласови %
Бранко Црвенковски (Социјалдемократски сојуз на Македонија) 385.347 42,5 550.317 62,6
Сашко Кедев (ВМРО-ДПМНЕ) 309.132 34,1 329.179 37,4
Гзим Острени (Демократска унија за интеграција) 134.208 14,8  
Зуди Џелили (Демократска партија на Албанците) 78.714 8,7
Неважечки ливчиња 27.971 29.793
Вкупно (одѕив %) 935.372 55,2 909.289 53,6
Извор:
 
Прв круг, © ДИК 2004
 
Втор круг, © ДИК 2004

Надворешни врски уреди