Македонски претседателски избори (1999) — втори по ред претседателски избори во независна Република Македонија. Дотогашниот претседател Киро Глигоров не се кандидира на овие избори, а победник беше Борис Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонски претседателски избори, 1999
|
1994 ←
|
14 ноември (прв круг) 5 декември (втор круг)
|
→ 2004
|
|
|
|
Кандидати во првиот круг
уреди
Кандидат
|
Партија
|
Прв круг
|
Втор круг
|
Број на гласови
|
%
|
Број на гласови
|
%
|
Тито Петковски |
СДСМ |
343.606 |
33,1 |
513.614 |
46,8
|
Борис Трајковски |
ВМРО-ДПМНЕ |
219.098 |
21,1 |
582.808 |
53,2
|
Васил Тупурковски |
ДА |
163.206 |
15,7 |
|
Муарем Неџипи |
ДПА |
155.978 |
15,0 |
|
Стојан Андов |
ЛДП |
111.983 |
10,8 |
|
Мухамед Халили |
ПДП |
45.731 |
4,4 |
|
Неважечки ливчиња |
11.013 |
– |
16.281 |
–
|
Вкупно |
1.050.615 |
100 |
1.112.703 |
100
|
Регистрирани гласачи/излезност |
1.613.284 |
65,1 |
1.610.340 |
69,1
|
Извор: Nohlen & Stöver
|
Резултати од Првиот круг
уреди
Првиот круг на гласањето се одржа на 14 ноември 1999 година. По преброените гласови, во вториот круг се пласираа Тито Петковски со освоени 509.933 гласови и Борис Трајковски со освоени 449.026 гласови.
Резултати од Вториот круг
уреди
Вториот круг на гласање се одржа на 5 декември 1999 година. Изборниот ден ќе биде запаметен со многу нерегуларности и огромен број на излезени гласачи помеѓу албанското население. Во вториот круг победи Борис Трајковски со 582.808 гласови, а Тито Петковски имаше 513.614 гласови, или 52.40% наспроти 46.18%. СДСМ не ги призна изборните резултати и го бојкотираше Претседателот Трајковски сè до доаѓањето на власт на Парламентарните избори во 2002 година.
Останати статистики
уреди
Бројот на запишани избирачи во 1999 година бил: 1.610.340 од нив на гласање излегле 1.112.153 гласачи. По преброените гласачки ливчиња Државната Изборна Комисија констатираше дека има 16.281 неважечки гласачки ливчиња или 1,46% од вкупниот број на ливчиња.