Првиот план за Малезија

Првиот план за Малезија (1966–1970) било план за економски развој имплементиран од владата на Малезија . Тоа било првиот економски план за цела Малезија - вклучувајќи ги Сабах и Саравак - за разлика од претходните економски планови(како што е Вториот План за Малезија) кои биле ограничени само за Малаја. Планот бил со цел да се промовира благосостојбата на сите граѓани и да се подобрат условите за живот во руралните области, особено кај групите со ниски приходи.[1]

Имплементација

уреди

Планот бил со обид да го зголеми пристапот до медицинските установи во руралните области преку формирање на Рурална Здравствена Служба. Опкружните болнички капацитети биле надградени за да можат да се справат со упати од клиниките со кои управувала Службата. Медицински потцентри биле основани и во урбаните средини, а до крајот на планот, јазот помеѓу руралните и урбаните средини во однос на квалитетот на здравството било намалено, но не целосно елиминирано. Особено медицинските установи во Источна Малезија (Сабах и Саравак) биле помалку опремени и екипирани од оние во Западна Малезија (поранешна Малаја).[2]

Според планот за образование биле издвоени над 470,8 милиони малезиски рангити. Сепак, помалку од 70% од оваа распределба била потрошена; особено биле преценети трошоците за обуката на наставниците и техничкото образование. Помеѓу 1957 и 1970 година, националната стапка на писменост се подобрила од 51% на 59%.[3]

Непосредно пред спроведувањето на планот, поранешните колонизатори на Малезија, Британците, најавиле дека ќе ги повлечат своите одбранбени и економски обврски кон Малезија. Како резултат на тоа, владата побарала финансиска помош од Соединетите Американски Држави (САД) за да би се избегнала можноста планот да би бил уништен поради недостиг на финансии, при што стигнало дури до изрази на поддршка за Виетнамската војна, која беше непопуларна меѓу одредени сегменти од малезиското население. Сепак, Малезија никогаш директно не обезбедила воена поддршка на Соединетите Држави, во согласност со нејзината политика на неутралност, и како резултат на тоа, не успеала да добие значителна економска помош од САД.[4]

Првиот план за Малезија, исто така, морало да го реши проблемот со невработеноста, која за прв пат се појавила во 1960-тите; и покрај охрабрувачкиот раст на Бруто домашниот производ (БДП), стапките на вработеност не пораснале со пропорционално темпо. Дополнително, постоел и проблемот со етничката специјализација во одредени професии, при што Кинезите доминирале на пазарот, Малејците доминирале во државните служби, а Индијците во голема мера учествувале во специјализираните професии како што е правото . Но разликата во приходот помеѓу руралните и урбаните области што Вториот план за Малезија се обидел да го реши,но не бил елиминиран.[1]

 
Владата презасадила стотици илјадници гумени дрвја за да ги зголеми приносите на гума.

Во руралните области,каде што владеело земјоделството, владата направила обид да го продолжи развојот што првпат бил донесен со Првиот план за Малезија. За време на мандатот на Првиот план за Малезија, над 40,000 акри (160 км2) ориз и други видови култури се наводнувале. Владата, исто така,презасадила стотици илјадници гумени дрвја за да ги зголеми приносите на гума, само во Западна Малезија 304,000 акри (1,230 км2) од мали стопанства биле повторно засадени. Владата направила обид да ги рехабилитира неефикасните стопанства со кокос, да ги модернизира методите на риболов и да им обезбеди помош на одгледувачите на живина и добиток. Сепак, владата, исто така,направила обид да ја намали вековната зависност на малезиската економија од гума, развивајќи одгледување палми со масло во Западна Малезија и развивајќи ја дрвната индустрија во Сабах.[5]

Владата понудила стимулации за индустријализирањето на малезиската економија преку промовирање на претприемништвото кај Малајците и надградба на вештините за управување на производствените погони. Федералната управа за индустриски развој (ФУИР), основана во 1965 година, но започнала со работа во 1967 година, направила обид да го забрза индустрискиот развој понатаму и да го координира таквиот развој. Во 1968 година, биле воспоставени нови регулативи кои поставуваа квоти за Малезиска сопственост на одредени претпријатија и вработување на Малезијци во производствени погони. (Таквите политики за афирмативна акција се сметале дека се во согласност со член 153 од Уставот.) Од новите индустрии кои произведувале стоки за малезискиот пазар се барало да имаат најмалку 51% од својот капитал во рацете на малезиските граѓани, но индустриите кои само извезувале стоки им било дозволено да останат целосно во странски раце.[6]

Резултати и наследство

уреди

Амбициозните планови на владата за зголемувањето на животниот стандард во руралните области не им биле исполнети. Ограничените инвестиции во социјалниот капитал, и покрај различните шеми за развој на земјиштето, не успеале ниту да го запрат бранот миграција од руралните средини кон градовите или да ги зголемат приходите на руралните семејства. Во Западна Малезија, 90% од сите домаќинства кои заработувале помалку од 100 малезиски рангити месечно биле сместени во руралните области. Огромното мнозинство од нив биле малезиски домаќинства.[7]

Сепак, владините програми за подобрување на производството на гума биле во голема мера успешни. До 1970 година, стандардната малезиска гума со квалитет за униформа сочинувала 20% од целиот извоз на гума. Владата, исто така, успеала во исто време да ја намали зависноста од гума преку развивање на други новородени индустрии.[8]

Сепак, Првиот план за Малезија видно не успеала да ја намали нееднаквоста во распределбата на приходот. Незадоволството околу овој пробем пораснало меѓу малезиското население, додека кинеското гласачко тело, загрижено од она што тие го гледале како поагресивна малезиска „дискриминација“ против нив,при што ги направила несреќни. На општите избори во 1969 година, опозициските партии кои се залагале за намалување или елиминирање на политиките за афирмативната акција на Малезијците постигнале големи придобивки во парламентот, речиси лишувајќи ја владата од 2/3 парламентарно мнозинство потребно за измена на Уставот - мнозинството што Алијансата отсекогаш го имала од првите национални избори во 1955 година. Победничкиот марш што го одржала опозициската Партија за демократска акција (ПДА) и Парти Геракан Ракиат Малезија (Геракан), кои и двете се спротивставиле на економската политика на владата заснована на Малезија.Националната организација на Обединетите Малези (НООМ), водечката партија на Алијансата, за возврат одржале свој марш за „да им одржи лекција на Кинезите“. Маршот се претворил во целосен бунт, кој подоцна бил еуфемистички означен како инцидентот на 13 Мај. Најмалку 200 луѓе биле убиени, иако неофицијалните проценки давале бројка пет пати поголема, а немирите траеле два дена.[9]

Бунтот, чии учесници главно биле од класите со пониски приходи, многу ја загрижиле владата. Беше прогласена вонредна состојба, а Парламентот беше суспендиран, за да биде повторно обновен во 1971 година. Во меѓувреме, беше формиран Националниот Оперативен Совет (НОС) кој привремено управуваше со земјата. НОС го подготвил Вториот план за Малезија, и најконтроверзно,ја подготвиле Новата Економска Политика (НЕП) да се справи со она што го гледале како неурамнотежена распределба на приходот помеѓу Кинезите и Малезијците и да спроведе намалување на странската контрола врз економијата.[10] Иако наведената цел на НЕП била „да се искорени сиромаштијата“ и „да се елиминира идентификацијата на расата со економската функција“ преку „економија што брзо се шири“, многу не-Малејци сметале дека тоа е „отворена и очигледна форма на расна дискриминација“. НЕП се распадна во 1991 година и беше заменета со Националниот Развоен План (НРП). И покрај критиките кон НЕП, таа исто така беше пофалена за создавањето на малајската средна класа и создавањето на „поголема етничка средина во професиите“.[11]

Белешки и Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Henderson, Vreeland, Dana, Hurwitz, Just, Moeller & Shinn, p. 293.
  2. Henderson, Vreeland, Dana, Hurwitz, Just, Moeller & Shinn, p. 160, 161.
  3. Henderson, Vreeland, Dana, Hurwitz, Just, Moeller & Shinn, p. 175, 176.
  4. Henderson, Vreeland, Dana, Hurwitz, Just, Moeller & Shinn, p. 268.
  5. Henderson, Vreeland, Dana, Hurwitz, Just, Moeller & Shinn, p. 310, 311.
  6. Henderson, Vreeland, Dana, Hurwitz, Just, Moeller & Shinn, p. 319, 320.
  7. Henderson, Vreeland, Dana, Hurwitz, Just, Moeller & Shinn, p. 147–149.
  8. Henderson, Vreeland, Dana, Hurwitz, Just, Moeller & Shinn, p. 310.
  9. Means, Gordon P. (1991). Malaysian Politics: The Second Generation, pp. 7–9. Oxford University Press. ISBN 0-19-588988-6.
  10. Henderson, Vreeland, Dana, Hurwitz, Just, Moeller & Shinn, p. 294.
  11. Means, pp. 24, 311, 313.