Почеток (филм)
Почеток (англиски: Inception) — научнофантастичен филм од 2010 година, во режија на Кристофер Нолан. Во главните улоги се појавуваат Леонардо ди Каприо, Кен Ватанабе, Џозеф Гордон-Левит, Марион Котилард, Елен Пејџ, Том Харди, Том Беринџер и Мајкл Кејн. Леонардо ди Каприо го игра шпионот специјализиран за деловна шпијунажа, односно каредење информации од потсвеста на неговата жртва, во моментот додека жртвата спие, односно сонува.[4]
„Почеток“ | |
---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
Режисер | Кристофер Нолан |
Продуцент | Кристофер Нолан Ема Томас |
Сценарист | Кристофер Нолан |
Главни улоги | Леонардо ди Каприо Кен Ватанабе Џозеф Гордон-Левит Марион Котилард Елен Пејџ Силијан Марфи Том Харди Том Беринџер Мајкл Кејн |
Музика | Ханс Зимер |
Кинематографија | Вали Фистер |
Монтажа | Ли Смит |
Студио | Legendary Pictures Syncopy Films |
Дистрибутер | Warner Bros. Pictures |
Премиера | 16 јули 2010 г. (САД) |
Времетраење | 142 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | 160 милиони долари[2] |
Бруто заработка | 823.576.195 милиони долари[3] |
Уште во 2001 година, Нолан напишал сценарио на 80 страници за крадење преку соништа, и идејата им ја презентирал на Варнер Брос.. Приказната е сфатена како хорор филм.[5] Сфаќајќи дека му треба уште искуство за овие теми, Нолан го оставил ова сценарио цели девет години. Конечно, филмот Почеток е започнат со снимање во Токио на 19 јуни 2009 година, а завршен во Канада кон крајот на ноември истата година. Филмот е сниман на локации во шест држави и четири континенти.
Филмот имаше осум номинации за Оскар, а освои четири награди: за најдобар звук, за најдобри звучни ефекти, за најдобри визуелни ефекти и за најдобра кинематографија.
Содржина
уредиДом Каб (Леонардо ди Каприо) и неговиот партнер Артур (Џозеф Гордон-Левит) работат илегално деловна шпионажа со тоа што влегуваат во потсвеста на жртвата преку контролиран сон. Користат техника „сон во сон“, преку која успешно ја добиваат бараната информација. И двајцата користат `тотем`, а тоа е мал предмет, чие „однесување“ му е познато само на оној што го има. Преку тотемот може да откријат дали можеби тие се наоѓаат во туѓ сон или се во реалноста. Тотемот на Каб е конус кој не престанува да се врти ако се наоѓа во состојба на сон. На почеток од филмот го дознаваме главниот проблем на Коб: неговата мртва сопруга, Мал (Марион Котилард), која извршила самоубиство, се појавува во неговите соништа и му ги саботира напорите, предизвикувајќи го да остане со неа во состојба на сон за стално. Другиот негов проблем е што не смее да се врати во САД, бидејќи е обвинет за убиство на неговата сопруга.
Каб е ангажиран од господинот Саито (Кен Ватанабе) за малку поинаков случај: овој пат да вметне идеја во потсвеста на синот наследник на големата компанија што е конкуренција на Саито. Саито му ветува дека доколку успее во задачата, ќе помогне да се избрише обвинувањето против Каб во САД, со што Каб ќе може конечно да ги види децата. Каб го составува тимот за оваа задача: Ејмс, фалсификатор на идентитети, Јусуф, хемичар кој работи со моќни седативи потребни да се воспостават соништата и Аријадна, млада студентка архитект, која е задолжена за градење на лавиринтите од соништата. Саито се приклучува кон тимот со цел да се увери дека задачата ќе биде завршена.
Задачата започнува во авионскиот лет од Сиднеј до Лос Анџелес, а тимот се наоѓа во иста кабина со Роберт Фишер, кој го придружува телото на својот умрен татко. Каб става седатив во пијалакот на Роберт, а тимот го внесува Роберт во создадените соништа на три нивоа. На секое ниво е потребно еден од тимот да остане и да ги чува заспаните, додека останатите продолжуваат во придружба на Роберт сè до неговото најдлабоко ниво на потсвест. Начинот на будење од нивоата на соништата е удар, било да е паѓање на колата од мост, паѓање со лифт, зграда која се урива. На тој начин се враќаат назад низ нивоата сè до реалноста.
Проблем настанува кога Саито е смртно повреден во последното ниво на соништата, а умирање во сон за него би значело дека ќе остане заробен во заборав, во најдлабокото ниво на својата потсвест, при што ја губи врската со реалноста. Се појавува и мртвата сопруга на Каб, која ги саботира со тоа што го убива Фишер. Каб и Аријадна влегуваат во уште подлабока состојба за да ги најдат Саито и Фишер. Аријадна го наоѓа Фишер и го враќа назад низ нивоата на соништата, а Каб продолжува во потрага по Саито.
Каб го наоѓа Саито, кој е остарен, живеел декади во заборав (додека во реално време поминале само неколку часа), и двајцата заедно се сеќаваат на задачата и се будат. На крајот од филмот ги гледаме ликовите од тимот кои се будат во авионот, на летот до Лос Анџелес. Каб минува крај царината без никаков проблем, и оди дома да се сретне со децата. На масата го употребува својот тотем, конусот кој се врти, за да провери дали е ова реалност, но децата го довикуваат од дворот, и тој заминува да ги гушне без да го дочека резултатот од вртењето на конусот.
Критики
уредиФилмот доживеа главно позитивни критики. Повеќето филмски критичари го пофалија филмот поради иновативната приказна, но и за изборот на улогите, како и за незаборавните сцени.[6]
За крајот
уредиЗа крајот на филмот постојат шпекулации - дали Каб се наоѓа во реалност или во нечиј сон. Самиот Нолан изјавил: „Ми го поставија ова прашање толку многупати, што до сега не сум бил толку прашуван за ниеден друг филм што сум го направил... Она што е смешно е луѓето навистина очекуваат од мене да им одговорам.“"[7] Сценариото за филмот завршува со зборовите „Зад него на масата конусот сè уште се врти.“[8] Како и да е, Кристофер Нолан смета дека најважниот момент од последната сцена е тоа што Каб не гледа во конусот, туку во своите деца.[9]
Во септември 2010 година, во интервју Мајкл Кејн, кој во филмот игра улога татко на жената на Каб, крајот на филмот го објаснил вака: „Штом сум јас таму, реалност е, затоа што јас никогаш не сум во состојба на сон. Јас сум човекот кој ги измисли соништата.“[10]
Музика
уреди
„Inception: Music from the Motion Picture“ | ||||
---|---|---|---|---|
Film score од Hans Zimmer | ||||
Издаден | јули 13 2010 | |||
Жанр | Soundtrack | |||
Траење | 49:13 | |||
Издавачка куќа | Reprise | |||
Hans Zimmer — Хронологија | ||||
|
На Ханс Зимер ова му е трета соработка со Нолан за филм. При компонирање на музиката, Зимер користел звук на гитара што потсетува на Енио Мориконе, а сакал деловите да ги отсвири Џони Мар, бившиот гитарист од рок групата од `80-тите Смитс. Се консултирал со Нолан ко јсе согласил со идејата, па така Мар поминал четири дена по 12 часа во студио свирејќи ги нотите кои ги компонирал Зимер.[11]
Интересно е дека во трејлерите за филмот е употребена посебно подготвена музика д Зак Хемси, која не се појавува во официјалната музика за филмот.[12]
Наводи
уреди- ↑ „Inception“. BBFC. June 29, 2010. Посетено на August 8, 2010.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеbudget
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеmojo
. - ↑ Eisenberg, Mike (May 5, 2010). „Updated 'Inception' Synopsis Reveals More“. Screen Rant. Посетено на July 18, 2010.
One last job could give him his life back but only if he can accomplish the impossible—inception.
- ↑ Marikar, Sheila (July 16, 2010). „Inside 'Inception': Could Christopher Nolan's Dream World Exist in Real Life? Dream Experts Say 'Inception's' Conception of the Subconscious Isn't Far From Science“. ABC News. The Walt Disney Company. Посетено на September 4, 2010.
- ↑ Zeitchik, Steven (July 19, 2010). "'Inception' rides out critical backlash". Los Angeles Times. http://www.latimes.com/entertainment/news/la-et-inception-backlash-20100719,0,3544832.story.
- ↑ Jensen, Jeff (30 November 2010). „Christopher Nolan on his 'last' Batman movie, an 'Inception' videogame, and that spinning top“. Entertainment Weekly. Посетено на 6 January 2011. Text " Inside Movies " ignored (help); Text " EW.com" ignored (help)
- ↑ Christopher Nolan, Inception - The Shooting Script, Insight Editions, стр. 218, ISBN 978-1-60887-015-8
- ↑ Jensen, Jeff (30 November 2010). „Christopher Nolan on his 'last' Batman movie, an 'Inception' videogame, and that spinning top“. Entertainment Weekly. Посетено на 10 January 2011. Text " Inside Movies " ignored (help); Text " EW.com" ignored (help)
- ↑ „Michael Caine Says 'Inception' Ending Was No Dream“. ScreenRant.
- ↑ Martens, Todd (July 20, 2010). „Hans Zimmer and Johnny Marr talk about the sad romance of Inception“. Los Angeles Times. Посетено на July 20, 2010.
- ↑ Jeff Ames (2010-12-30). „Top Film Scores of 2010“. Collider.com. Архивирано од изворникот на 2011-01-03. Посетено на 2011-01-18.
- Inception Production Notes, (2010, Warner Brothers).. Retrieved September 4, 2010.
Надворешни врски
уреди- Почеток (филм) на Ризницата
- Матична страница
- Inception — AllMovie (англиски)
- Inception на Rotten Tomatoes.