Портица

клисура во Гребенско, Егејска Македонија

Портица (грчки: Πορτίτσα, Φαράγγι Πορτίτσας) — клисура во Гребенско, Егејска Македонија. Заедно со камениот Портички мост на нејзиниот влез се смета за едно од најубавите места во денешна Грција.[1]

Пожарска Клисура
Πορτίτσα
Клисурата со Портичкиот мост
Должина0,5 км
Геологија
Видклисура
Географија
МестоположбаГребенско, Егејска Македонија
ЗемјаГрција
Координати39°59′47″N 21°17′18″E / 39.9964° СГШ; 21.2883° ИГД / 39.9964; 21.2883
РекаВенетик
Карта

Опис

уреди

Клисурата е сместена на реката Венетик, јужно од селото Спилио. Долга е нешто помалку од 500 м, но има впечатлива длабочина бидејќи тука реката ги двои Орљачка Планина на север од Ликотрипа на југ. Покрај камениот мост, клисурата е позната како место привлечно за многу видови птици. Западно од неа Венетик ја образува малата долина Канави, која завршува кај мостот на влезот на клисурата. Портичкиот мост е изграден во 1743 г..[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Φαράγγι Πορτίτσας“. Natura Graeca. Посетено на 23 мај 2024.