Портал:Филм/Избрана статија/2008/јули
Воли (англиски: Wall•e) е анимиран научно-фантастичен филм продуциран од студиото за анимирани филмови Pixar и прикажан во кино салите на Disney на 27 јуни, 2008. Воли беше реализиран на ДВД и Блу-Реј на 4 ноември, 2008. Филмот е режиран од страна на Ендру Стентон кој претходно го режираше филмот Барајќи го Немо.
Дејството на овој филм е сместено во иднината, 700 години од сегашноста и ги следи авантурите на еден робот по име Воли, кој бил заборавен на Земјата кога луѓето ја напуштиле заради преплавување со ѓубре. Повеќето од ликовите немаат човечки гласови, туку комуницираат со разни движења на телото и неповрзани звуци. Исто така ова е и првиот филм на студиото Pixar, во кој покрај регуларната компјутерска анимација, се појавуваат и вистински глумци. Овој филм доби големи пофалби од критичарите.
Воли е деветтиот анимиран долгометражен филм на Pixar. Ендру Стентон добил идеја за Воли уште во летото 1994, пред првиот филм на Pixar - Приказна за играчките. По завршувањето на Приказна за играчките, Џон Ласетер, Питер Доктер, Џо Ранфт и Ендру Стентон почнуваат да размислуваат приказни за следните филмови на Pixar. Од ова планирање произлегоа идеите за филмовите Животот на инсектите, Чудовишта, Барајќи го Немо и Воли. Оригиналната идеја за Воли била: „Што ако луѓето ја напуштат Земјата, а некој заборавил да го исклучи последниот робот?“. Откако Стентон му ја кажал идејата на Доктер во 1995 тој започнал за неколку месеци почнал да работи на неа, но се откажал и решил да почне да работи на филмот Чудовишта, бидејќи не бил сигурен дали ќе може да создаде успешна љубовна приказна. Стентон сепак продолжил да ја создава приказната за Воли и бил опседнат со правењето на анимиран филм во кој дејството ќе се одвива во вселената и во иднината затоа кога тој конечно го завршил правењето на Барајќи го Немо почнал да се фокусира на создавањето на филмот Воли.