Приказна за играчките

Ова е објавената верзија, проверена на 19 август 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Приказна за играчките (англиски: Toy Story) — американски компјутерско-анимиран филм од 1995 година. Филмот е првиот долгометражен филм продуциран од страна на продукциската куќа Pixar, како и прв филм целосно направен со компјутерска генерирана слика. Филмот бил дистрибутиран од страна на Walt Disney Pictures. Режисер на филмот бил Џон Ласетер, додека гласовите ги позајмиле Том Хенкс, Тим Ален, Дон Риклс, Џим Ворни и други. Извршен продуцент на филмот бил Стив Џобс заедно со Ендрју Стентон. Приказната се фокусира на една група играчки кои оживуваат кога нивниот сопственик не е присутен, фокусирајќи се на Вуди, каубојска играчка (Том), и на Баз Лајтјиар, играчка астроанаут (Ален).

„Приказна за играчките
(Toy Story)“
Филски плакат за филмот
РежисерЏон Ласетер
ПродуцентРалф Гугенхајм
Бони Арнолд
Главни улогиТом Хенкс
Тим Ален
Дон Риклс
Џим Ворни
Валас Шон
Џон Ратценбергер
Ени Потс
Џон Морис
Лори Меткалф
Ерик вон Детен
МузикаРенди Њуман
МонтажаРоберт Гордон
Ли Ункрих
СтудиоPixar
ДистрибутерWalt Disney Pictures
Премиераноември 22 1995 (1995-11-22)
Времетраење81 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Буџет$30 милиони
Бруто заработка$361,958,736

Филмот заработил 361 милион долари ширум светот.[1] Реценциите и критиките биле позитивни, фалејќи ја посебно иновативната анимација и духовитоста на сценариото, и сега филмот се смета од голем број на критичари, за најдобар анимиран филм во светот.[2][3][4][5][6][7][8] Во 2009, филмот бил пуштен во 3Д.[9]

Поради успешноста и популарноста, филмот добил две продолженија: Приказна за играчките 2 (1999), Приказна за играчките 3 (2010), и Приказна за играчките 4 (2019). Двете продолженија бил инстант хит и заработиле многу позитивни критики, исто како првиот филм. Приказна за играчките 3, до денес, е највисоко-заработувачки филм на Pixar со вкупна заработка од 1.063.171.911 милијарди долари.

Гласови

уреди

Наводи

уреди
  1. „Toy Story“. Box Office Mojo. Посетено на 18 февруари 2010.
  2. „Top 25 Animated Movies of All-Time – Movies Feature at IGN“. Movies.ign.com. 18 јуни 2011. Посетено на 8 јули 2011.
  3. Posted Jun 2 2008 4:25 pm (2 јуни 2008). „Best Animated Movies (5–1) – The Moviefone Blog“. Blog.moviefone.com. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 8 јули 2011.
  4. „Best Animated Films – Toy Story“. Rotten Tomatoes. Посетено на 8 јули 2011.
  5. „10 Топ 10“. AFI. Посетено на 8 јули 2011.
  6. „Time Out's Top 50 Animated Movies of All Time Curated by Terry Gilliam | /Film“. Slashfilm.com. 7 октомври 2009. Посетено на 8 јули 2011.
  7. „The Movie Blog's 10 Best Animated Films Of All Time“. The Movie Blog. Посетено на July 8, 2011.
  8. Corliss, Richard (23 јуни 2011). „Toy Story, 1995 – The 25 All-TIME Best Animated Films“. TIME. Архивирано од изворникот на 2012-05-22. Посетено на 8 јули 2011.
  9. Richards, Olly (24 јануари 2008). „Toy Story Movies Going 3D“. Empire. Посетено на 11 март 2009.

Надворешни врски

уреди