Портал:Религија/Избрана статија/2011/октомври
Црквата Света Софиja — поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот се наоѓа во реонот Фатих во Истанбул, Турција. Во периодот кога била изградена, односно во 4 век, до 1453 година служела како византиска катедрала на Константинопол, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала по зазимањето на градот од страна на крстоносците и основање на Латинското Царство. Како џамија, објектот служел од 29 мај 1453 година до 1931 година, кога истата била затворена. Од 1 февруари 1935 година претставува музеј.
Црквата е посветена на Логосот, второто лице на Света Троица и својот празник го има на 25 декември, на годишнината од раѓањето на Исус Христос. Прочитајте повеќе