Портал:Ислам/Избрана биографија
Џелаледин Мевљана Руми (1207–1273) бил персиски исламски поет, правник и теолог. Руми значи „Римјанин“, бидејќи умрел во Анадолија, која била под Византиското царство два века пред тоа.
Роден е во Балх (денешен Авганистан), а умрел во Конија (денешна Турција). Родното место и јазик укажуваат на персиско потекло. Поезијата му е на персиски, а делата му се читаат насекаде во Иран, Авганистан, Таџикистан, Узбекистан, а преводите особено во Турција, Азербејџан, САД и јужна Азија. Живеел и творел за времето на селџуците. Освен персиска поезија, пишувал и по нешто на арапски, грчки и огуски турски јазик.
Се смета дека важноста на Руми ги надминува националните и етничките граници. Низ вековите тој имал значително влијание врз персиската како и урду и турската книжевност. Неговите песни се преведени на сите значајни светски јазици, вклучувајќи го и македонскиот. Прочитајте повеќе