mini
mini
mini
mini
грб знаме
Съединението прави силата!, Силата е во единството! |

Бугарија (бугарски: България) е држава во југоисточна Европа, членка е на НАТО и на Европската Унија. Граничи со Црно Море на исток, со Грција и Турција на југ, со Србија, Република Македонија на запад, и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел на границата го зафаќа Добруџа. Бугарија зафаќа површина од 110,911.5 квадратни километри.

Главен град на Република Бугарија е Софија, 1 189 994 жители. Други поголеми градови се: Пловдив (373 586), Варна (343 603), Бургас (210 954), Русе (173 952), Стара Загора (161 108), Плевен (135 170), Добрич (113 820), Сливен (111 301).