Портал:Боливија/Избрана биографија
Симон Хосе Антонио де ла Сантисима Тринидад Боливар и Понте Палациос и Бланко (шпански: Simón José Antonio de la Santísima Trinidad Bolívar y Ponte Palacios y Blanco) е роден во Каракас, Венецуела на 24 јули 1783, а умрел во Санта Марта, Колумбија на 17 декември 1830. Тој бил предводник на борбите за независност на повеќе јужноамерикански држави: Венецуела, Колумбија, Еквадор, Перу, Панама и Боливија. Боливар го почитуваат како херој и во овие земји, но и во останатите латино-американски земји.
Кога Наполеон Бонапарт во 1808 година ја победи Шпанија, Боливар зема учество во хунтите на отпорот против Шпанците што се формираат во Јужна Америка. Во 1810 година хунтата во Каракас прегласува независност, но во јули 1812 водачот на хунтата, Франсиско де Миранда, им се предава на Шпанците, а Боливар е принуден да бега во Картахена де Индијас во денешна Колумбија. Во 1813 година, откако ја презема воената команда над Нова Гранада (денешна Колумбија), на 14 мај напаѓа на Венецуела. На 6 август го освојува Каракас и ја прогласува Втората венецуелска република.