Порноглумец
Порноглумец (порноглумица) — личност што игра улога во порнофилмови. Повеќето порноглумци учествуваат голи во филмовите, обично снимени во јасни сексуални жанрови. Повеќето жанрови имаат специјалисти (т.н. порноѕвезди) што го постигнаа поголемиот дел од нивната слава во одредена ниша на пазарот, како што се лезбијски секс, БДСМ, анален секс, голтање сперма итн.
Некои подрачја на судска власт ја сметаат комерцијалната порнографија за облик на проституција, иако повеќето комерцијални порноглумци не се сметаат себеси за проститутки поради различни причини, туку за глумци. Најзначајно, овие изведувачи не се платени директно од страна на нивните сексуални партнери за самиот сексуален чин, туку двете се платени преку студио или агенција за таленти.
Сексуално преносливи болести
уредиПоради природата на својата професија којашто обично подразбира незаштитени сексуални чинови (т.е. без презервативи), порноглумците се нарочно подложни на сексуално преносливи болести. Податоци укажуваат на тоа дека стапката на сексуално преносливи болести (освен ХИВ) е повисока кај порноглумците отколку кај американската популација општо.
Меѓу 825 порноглумци тестирани во 2000−2001 година, 7,7 % од жените и 5,5 % од мажите имале кламидија, и вкупно 2 % имале гонореја. Во периодот од јануари 2003 година до март 2005 година, околу 976 порноглумци биле пријавени со 1.153 позитивни резултати. Од овие 1.153 позитивни резултати, 722 (62,6 %) биле кламидија, 355 (30,8 %) биле гонореја и 126 (10,9 %) биле коинфекции со кламидија и гонореја. Помалку е познато за распространетоста и ризикот за пренесување на други сексуално преносливи болести како сифилис, обичен херпес, човечки папиломен вирус, хепатит Б или хепатит Ц, трихомонијаза, или болести кои се пренесуваат преку фекално-орален пат.[1]
Според порноглумицата Клои:
„ | Откако сте во овој бизнис за некое време, [ќе] имате херпес. Сите имаат херпес.[2] | “ |
Истражувањата покажуваат дека 89,5 % од порноглумците имаат сексуално преносливи болести, а медијаната е 4 по секој порноглумец.[3]
Во 1980-тите, епидемија на ХИВ во порноиндустријата доведе до голем број на смртни случаи на еротски глумци и глумици, како Џон Холмс, Вејд Николс, Марк Стивенс и Ал Паркер. Ова доведе до создавањето на Медицинско-здравствената фондација за секс-индустријата (англ. Adult Industry Medical Health Care Foundation) која помогна со формирањето на доброволен стандард[4] кај порнофилмската индустрија, каде што еротските глумци се тестирани за ХИВ на секои 30 дена.
Наводи
уреди- ↑ Grudzen, Corita R.; Kerndt, Peter R. (19 јуни 2007). „The Adult Film Industry: Time to Regulate?“. PLoS Medicine. Public Library of Science, U.S. National Library of Medicine. Архивирано од изворникот на 2017-06-29. Посетено на октомври 1, 2007.
- ↑ Martin Amis (17 март 2001). „A rough trade“. guardian.co.uk. Посетено на 10 април 2009.
- ↑ Tristan Taormino (27 септември 2010). „Danger on the Set“. The Village Voice. Архивирано од изворникот на 2010-10-27. Посетено на 2010-09-29.
- ↑ Kimi Yoshino and Rong-Gong Lin II (13 јуни 2009). „Porn stars at L.A. convention defend HIV tests“. Los Angeles Times. Посетено на 13 јуни 2009. Недостасува
|author1=
(help)