Полноќ — преодно време од еден календарски ден кон друг. Според часовникот, поноќта е спротивна на пладнето, со временска разлика од 12 часа. Традиционално полноќта се смета за средината на ноќта.[1]

24:00 часот на дигитален часовник

Сончева полноќ е времето спротивно на сончевото пладне, кога Сонцето е најблиску до надирот, а ноќта е рамнооддалечена од квечерината и зората. Со воведувањето на часовните појаси кои важат низ повеќе меридијани, како и со летното сметање на времто, сончевата полноќ ретко ретко се совпаѓа со 12 часот на часовникот. Сончевата полноќ зависи од географската должина и годишното време наместо од еден часовен појас. Во римското времемерење, за полноќ се сметал мигот на половина помеѓу зајдисонцето и изгрејсонцето (т.е. сончева полноќ) и со тоа полноќта се разликувала зависно од годишното време.

На часовниците

уреди
Механичките часовници не прават разлика помеѓу полноќта и пладнето

Највеќето механички часовници се 12-часовни, па затоа полноќта физички се означува со бројката 12. Вообичаено е времето усмено да се искажува со таа бројка, дури и ако во дадената земја преовладува 24-часовното сметање на денот (како на пр. во Македонија). Онаму кајшто е изводливо, полноќта се претставува како 00:00 или 24:00 ч. Првото го означува почетното време на новиот ден, а второто се однесува на последното време од претходниот ден. Постојат некои механички часовници со 24 бројки за сказалките, но тие денес се сметаат за куриозитет.

На дигиталните часовници неретко постои избор за приказ на сите времиња во денот според 12-часовен или 24-часовен режим. Оваа можност се нуди заради влијателноста на земјите каде преовладува 12-часовното сметање, и таму сите времиња се изразуваат според тоа дали е пред или по пладнето, означувајќи ги часовите со a.m. (скрат. од лат. ante meridiem, „предплатне“) и p.m. (скрат. од лат. post meridiem, „попладне“). Кај ваквата употреба, полноќта е 12 a.m., односоно „12 часа попладне“ кардинално. Ова се разликува од македонската употреба, каде „12 часот попладне“ е членуван како реден број и со други зборови значи „дванаесеттиот час (по ред), кој е сместен на полноќ“.

Полноќта во уметноста и во популарната култура

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  •   Полноќ на Ризницата ?
  • Полноќ — Национален институт за стандарди и технологија (англиски)