Поза Рид (Малино)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Поза Рид - Шољеви Камења

Карта

Местоположба 41°56′58″N 21°50′39″E / 41.94944° СГШ; 21.84417° ИГД / 41.94944; 21.84417
Основни податоци
Место Малино
Општина Свети Николе
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Поза Рид - Шољеви Камења археолошко наоѓалиште во светиниколското село Малино. Претставува населба од доцноантичко време. На 500 м од селото по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули и друг градежен материјал. Оттука потекнуваат една четвртеста архитравна греда од сив песочник, на едната страна со натпис со грчки архаичен текст, што се наоѓа во дворот на Т. Крстев, и калкан од надгробна плоча со претстава на гозба.Најдени се и девет монети (Александар Север, Проб, Константин и чанковидни монети). Наодитесе чуваат во Народниот музеј во Св. Николе[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 355, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069