Малино (археолошко наоѓалиште)
„Малино“
| |
Местоположба | 41°56′58″N 21°50′39″E / 41.94944° СГШ; 21.84417° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Малино |
Општина | Свети Николе |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Малино — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Малино. Претставува осамен наод од римско време. Меѓу лапидите во Заводот и музеј во Штип се наоѓа надгробен споменик донесен во првата половина на педесеттите години од селото Малино, наоѓалиште непознато, со димензии од 2 × 0,50 × 0,11 м. Поделен е на калкан, едикула и натписно поле. Во средината на калканот има розета, над неа пинија, а лево и десно полумесечини. Во едикулата се претставени две машки фигури облечени во различни долги облеки и со фризури со куси кркми прилепени за челото. Едната држи стап и меч во десната рака, а во левата ролна. Што се однесува до натписното поле, во горниот дел има коњаник што стои, облечен во куса облека, кој во левата рака ја држи уздата. Натписот е во 11 реда, напишан на грчки, со семеен карактер.[1]
Поврзано
уреди- Градиште — доцноантичко и средновековно градиште;
- Малино — осамен наод од римското време;
- Поза Рид - Шољеви Камења — населба од доцноантичкото време;
- Св. Стефан — осамен наод од римското време;
- Цигански Гробишта — средновековна некропола;
- Црвена Стена — некропола од доцноантичкото време;
- Малино;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 355, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |