Повратна заменка
Примери |
---|
|
Повратна заменка е заменка која е претходена од, и се однесува на, именка, придавка, прилог или заменка во една дел-реченица. Според теоријата на генеративната граматика, повратната заменка е анафора која мора да биде врзана со нејзиниот претходник. Во некои јазици има разлика меѓу повратни и неповратни заменки, но точните услови за да се одреди дали нешто е врзано или не зависи од јазикот.
Во македонскиот јазик повратни заменки се: „себе[се]“ — „се“, „себе[си]“ — „си“.
Повратни заменки во јазиците
уредиАнглиски
уредиВо англискиот јазик како повратни заменки се користат:
- I (јас) - myself
- you (ти) - yourself
- he (тој) - himself
- she (таа) - herself
- it (тоа) - itself
- we (ние) - ourselves
- you (вие) - yourselves
- they (тие) - themselves
Сите повратни заменки се преведуваат на македонски со „себе[си]“ — „се“, „себе[си]“ — „си“.
Бугарски
уреди
|
|
Латински
уредиЗа прво и второ лице латинскиот ги користи обичните форми на заменките. Повратните заменки се деклинираат по падежи, освен за номинатив и вокатив.
еднина или множина | |||
---|---|---|---|
м.р. | ж.р. | с.р. | |
номинатив | — | ||
вокатив | — | ||
акузатив | sē, sēsē | ||
генитив | suī | ||
датив | sibi | ||
аблатив | sē, sēsē | ||
локатив | sē, sēsē |
Македонски
уредиакузатив | датив | ||
---|---|---|---|
целосна | кратка | целосна | кратка |
себе | се | себе | си |
Во македонскиот постои и алтернативна целосна форма „себеси“, која се користи за нагласување. Покрај наведените повратни заменки, во македонскиот може да се искористат и присвојните заменки, како во примерите:
- Ана ѝ ја даде нејзината книга на Марија.
- Ана ѝ ја даде својата книга на Марија.
Словенечки
уреди- Ana je dala Mariji njeno knjigo. (Ана ѝ ја дала на Марија нејзината книга.)
- Ana je dala Mariji svojo knjigo. (Ана ѝ ја дала на Марија својата книга.)
Српски
уредиПримери за повратни заменки во српскиот (но и во хрватскиот, босанскиот, црногорскиот и српскохрватскиот) се:
- Ana je dala Mariji njenu knjigu. (Ана ѝ ја дала на Марија нејзината книга.)
- Ana je dala Mariji svoju knjigu. (Ана ѝ ја дала на Марија својата книга.)
Унгарски
уреди- Beszélek magamról. (Јас зборувам за себе.)
- Beszélsz magadról. (Ти зборуваш за себеси.)
- Beszél magáról. (Тој (таа, тоа) зборува за себеси.)
- Beszélünk magunkról. (Ние зборуваме за себеси.)
- Beszéltek magatokról. (Вие зборувате за себеси.)
- Beszélnek magukról. (Тие зборуваат за себеси.)
Хрватски
уредиОблиците на повратните заменки во хрватскиот јазик (но и во српскиот, босанскиот, црногорскиот и српскохрватскиот) по падежи се:
padež | ном./вок. | ген. | дат. | аку. | лок. | инс. |
---|---|---|---|---|---|---|
целосно | sebe | sebi | sebe | sebi | sobom | |
кратко | se | si | se | / | / |
Поврзано
уредиОваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |