Планинско ливадарче

Планинско ливадарче
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Муварчиња
Род: Saxicola
Вид: Планинско ливадарче
Научен назив
Saxicola rubicola
(Linnaeus, 1766)
Синоними

Saxicola torquatus rubicola

Saxicola rubicola

Планинското ливадарче (научSaxicola rubicola) е мала врапчевидна птица, која долго време беше сместена во семејството на дроздовите (Turdidae), но генетските докази ја сместија со своите роднини во фамилјата на муварчињата (Muscicapidae). Оваа птица ја има во Македонија.

Таксономија и систематизација

уреди

Засега се прифатени два слабо дефинирани подвида:[2]

Опис

уреди

Планинското ливадарче е долго 11.5–13 см и тежи 13–17 грама, и е малку помало од црвеногушката. Двата пола имаат впечатливо кратки крилја. Летно време, мажјакот има црни горни делови, црна глава, портокалови грло и гради и бели стомак и задник. Исто така, има половина бел ѓердан на страните на вратот, бела дамка на крилјата и многу мала бела, а често црно-бела ознака на задниот дел од опашката. Женките имаат кафеави горни делови и глава, и немаат бел ѓердан, ниту стомак и задник, овие делови ѝ се прошарани со посветло и потемно кафеаво. Единствено бело има на крилјата, а и тоа често е портокаловобело.[2]

Поведение

уреди

Живеалиштето на планинското ливадарче се планинските ливади и пасишта, крајбрежните дини и пределите со мали грмушки. Тие се преселници на кратки растојанија или воопшто не се преселници. Популациите од посеверните делови на опсегот зиме се селат во јужна Европа или северна Африка.[2]

Мажјакот пее со висок тон и треперливо, слично на обичното попче. Двата пола се огласуваат со кликање, како чукање камчиња.

Наводи

уреди
  1. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/147527/0
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Urquhart, E., & Bowley, A. (2002): Stonechats. A Guide to the Genus Saxicola. Christopher Helm, London. ISBN 0-7136-6024-4
  3. Siddle, J. P. (2006). Which subspecies of Common Stonechat breeds in coastal Portugal? British Birds 99: 372-374.

Надворешни врски

уреди