Коњукција (астрономија)

(Пренасочено од Планетарно врзување)

Конјункција[1] — астрономска појава каде две небесни тела или вселенски летала имаат или иста ректасцензија или иста еклиптичка должина, обично гледајќи од Земјата.[2][3]

Визуелноа коњукција помеѓу Месечината и Венера. Двете најсјајни тела на ноќното небо.

Кога две тела секогаш изгледаат блиску до еклиптика — како две планети, Месечината и планета, или пак Сонцето и планета — ова подзрабира привидно зближување на телата гледајќи ги на небото. Поимот апулс ја означува минималната привидна одвоеност на две небесни тела на небото.[4]

Коњукција подразбираат или две тела во Сончевиот Систем или едно во него и едно подалечно, како на пример ѕвезда. Коњукцијата е привидна појава предизвикана од гледиштето на набљудувачот: двете тела не се вистински блиску во просторот. Коњукцијата помеѓу две сјајни тела близу еклиптиката, како две сјајни планети, можат да се видат со голо око.

Астрономскиот симбол за коњукција е (уникод U+260C ☌).[5]

Близок премин

уреди
 
Коњукција на Марс и Јупитер утрото на 1 мај 2011 г. кога еден час пред изгерјсонце, кога се видливи пет од осумте планети на Сончевиот Систем и Месечината над Паранал, Чиле.[6]

Поопшто земено, во особениот случај на две планети, ова значи дека тие единствено имаат иста ректасцензија (и затоа истиот часовен агол). Ова се нарекува врска во рекстасцензија. Меѓутоа, постои и врска во еклиптичка должина. Кај ваквото коњукција двете тела имаат иста еклиптичка должина. Врската во рекстасцензија и врската во еклиптичка должина обично не се јавуваат истовремено, но во највеќето случаи се речиси истовремени. Сепак, при тројни врски, можно е да се јави врска само во рекстасцензија (или еклиптичка должина). Во времето на коњукција — било во рекстасцензија или еклиптичка должина — засегнатите планети се блиски на небесната сфера. Во огромното мнозинство на овие случаи, една од планетите ќе изгледа како да минува на север или југ од другата.

Поблизок премин

уреди
 
На ноќното небо над Многу големиот текескоп (VLT) во Паранал, Месечината сјае заедно со два сјајни придружника: Венера и Јупитер.

Ако две небесни тела имаат иста деклинација кога се во врска во ректасцензија (или истата еклиптичка ширина при врска во еклиптичка должина), тогаш телото поблиску до Земјата ќе помине пред другото. Во овј случај настанува сизигија. Ако телото навлезе во сенката на другото, станува збор за затемнување. На пример, ако Месечината навлезе во сенката на Земјата и исчезне од вид, овој настан се нарекува затемнување на Месечината. Ако видливиот диск на поблиското тело е значајно помал од оној на подалечното, настанот с енарекува премин. Кога Меркур минува пред Сонцето, тоа го нарекуваме премин на Меркур, а ако во прашање е Венера, тогаш тоа е премин на Венера. Кога поблиското тело изгледа поголемо од подалечното, тогаш тоа сосема го препречува помалото; ова се нарекува прикривање. Пример за прикривање е кога Месечината ќе помине помеѓу Земјата и Сонцето, предизвикувајќи целосно или делумно исчезнување на Сонцето. Оваа појава се нарекува затемнување на Сонцето. Прикривањата каде поголемото тело не е ни Сонцето ни Месечината се многу ретки. Почесто е прикривањето на планета од Месечината. Неколку вакви настани можат да се забележат секоја година од разни места на Земјата.

Положба на набљудувачот

уреди

За еден набљудувач од Земјата, времињата и поединостите мошне малку зависат од тоа каде се наоѓа набљудувачот. Разликите се најголеми кај коњукцијата на Месечината поради нејзината релативна близина, но дури и во тој случај времето на коњукција никогаш не се разликува за повеќе од неколку часа.

Горна и долна коњукција

уреди
 

Гледајќи од планета која е горна, ако една долна планета е од спротивната страна на Сонцето, таа е во горна надворешна коњукција со Сонцето. Долна внатрешна коњукција се јавува кога двете планети лежат на една права од истата страна на Сонцето. Кај долно коњукција, горната планета е „во противположба“ на Сонцето гледајќи од долната планета.

Поимите „долнна врска“ и „горна врска“ се користат конкретно за планетите Меркур и Венера, кои се долни планети гледано од Земјата. Меѓутоа, оваа дефиниција важи за секој пар планети гледајќи од онаа подалеку од Сонцето.

Една планета (или астероид или комета) просто се вели дека е во врска кога е врзана со Сонцето гледајќи од Земјата. Месечината е во врска со Сонцето кога е млада месечина.

Квазикоњукција

уреди

Квазикоњукцијата е појава кога една планета во повратно движење — секогаш или Меркур или Венера гледано од Земјата — ќе „заостане“ во рекстасцензија сè до моментот кога друга планета речиси ќе ја престаса, но првата планета ќе го продолжи напредното движење и потоа ќе изгледа како да ѝ се оддалечува. Ова се јавува на утринското небо пред да зазори. Обратното се случува на вечерното небо по квечерината, кога Меркур или Венера ќе настапи во повратно движење кога речиси ќе ја престаса другата планета (честопати ова се Меркур и Венера, и тогаш навидум изгледаат многу блиску неколку дена или подолго). Квазикоњукцијата се јавува кога растојанието во рекстасцензија помеѓу двете планети е најмало, макар што, кога ќе се земе предвид деклинацијата, може да изгледаат поблиску една на друга пред или по ова.

Просечен интервал меѓу коњукција

уреди

Интервалот помеѓу две врзувања на исти две планети не е постојан, но просечниот интервал меѓу две слични врзувања може да се пресмета од периодите на планетите. „Брзината“ со која планетата кружи околу Сонцето (свртувања по единица време) е обратна на нејзиниот период, а брзинската разлика меѓу двете планети е разликата помеѓу нив. За врзувања на две планети подалеку од Земјината орбита, просечниот временски интервал меѓу две врзувања е времето потребно да се исполнат 360° со таа брзинска разлика, така што просечниот интервал ќе биде:

 

Ова секако не важи за интервалот меѓу поединечните коњукции во тројна врска. Коњукцијата на планета во Земјината орбита (Венера или Меркур) со планета во неа се малку посложени. Кога надворешната планета се врти од опозиција на Сонцето кон источно од него, потоа во горна врска со Сонцето, па западно од него и назад во противположба, даа ќе биде во врска со Венера или Меркур непарен број пати. Затоа, просечниот интервал меѓу, да речеме, првото коњукција на една тројка и првата коњукција на следната тројка ќе биде еднаков на просечниот интервал помеѓу нивните противположби на Сонцето. Кај коњукцијата помеѓу Меркур и Венера, секојпат кога Венера оди од максимално издолжување источно од Сонцето до максимално издолжување западно он него и повторно источно, настануваат парен број на врзувања со Меркур. Просечниот интервал меѓу соодветни врзувања (на пр. првиот од една тројка, па првиот од следната) изнесува 1,599 години, според орбиталните брзини на Венера и Земјата.

На следнава табела се дадени просечните интервали (во ѕвездени години) за комбинации од осумте планети и џуџестата планета Плутон. Бидејќи Плутон е во резонанца со Нептун, периодот ќе биде 1,5 пати Нептуновиот, малку поинаков од тековната вредност. Интервалот тогаш е точно трипати поголем од периодот на Нептун.

Просечен интервал меѓу слични коњукции
Меркур Венера Сонце Марс Јупитер Сатурн Уран Нептун Плутон
Период 0,241 0,615 1,000 1,881 11,862 29,457 84,012 164,782 248,825
Меркур 0,241 1,599 0,317 2,135 1,092 1,035 1,012 1,006 1,004
Венера 0,615 1,599 1,599 2,135 1,092 1,035 1,012 1,006 1,004
Сонце 1,000 0,317 1,599 2,135 1,092 1,035 1,012 1,006 1,004
Марс 1,881 2,135 2,135 2,135 2,235 2,009 1,924 1,903 1,895
Јупитер 11,862 1,092 1,092 1,092 2,235 19,859 13,812 12,782 12,450
Сатурн 29,457 1,035 1,035 1,035 2,009 19,859 45,361 35,868 33,442
Уран 84,012 1,012 1,012 1,012 1,924 13,812 45,361 171,396 127,270
Нептун 164,782 1,006 1,006 1,006 1,903 12,782 35,868 171,396 494,346
Плутон 248,825 1,004 1,004 1,004 1,895 12,460 33,442 127,270 494,346

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „конјункција“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Her Majesty's Nautical Almanac Office and United States Naval Observatory (2012). „Conjunction“. Glossary, The Astronomical Almanac Online. Архивирано од изворникот на 15 јуни 2013. Посетено на 8 јули 2012.
  3. Jean Meeus (1991). Astronomical Algorithms. Willman-Bell Inc., Richmond, Virginia.
  4. Her Majesty's Nautical Almanac Office and United States Naval Observatory (2012). „Appulse“. Glossary, The Astronomical Almanac Online. Архивирано од изворникот на 15 јуни 2013. Посетено на 8 јули 2015.
  5. Ridpath, John Clark, уред. (1897). The Standard American Encyclopedia. 1. стр. 198.
  6. „Planetary Conjunction over Paranal“. ESO Picture of the Week. ESO. Посетено на 2 мај 2011.

Надворешни врски

уреди