Планетариум (Урдин)
Планетариум – слика од Киро Урдин. Со површина од 48 квадратни метри, таа е меѓу најголемите во современа Европа. Сликата е откупена и поставена во зградата на електронскиот гигант NEWAUS, во Ајндховен – Холандија.[1]
Творец | Киро Урдин |
---|---|
Година | 1997 |
Место | NEWAUS, Ајндховен |
Планетариум е првата слика во човечката историја која била работена низ цел свет од 1996 до 1997 година. Била работена во: Гробот на Исус, Ѕидот на плачот, Њујорк, Берлинскиот ѕид, Нерези, Охрид, Брисел, Кноке-ле-Зуте, Бриж, Париз, Рим, Помпеја, Пиза, Суецки Канал, Лондон, Стоунхенџ, Атина, Сунион, Нил, Пирамидите во Гиза, Мачу Пикчу, Куско, Бангкок, Пекинг (Забранет Град), Кинескиот Ѕид, Токио, Камакура, Мон Сен Мишел, Нуенен и Ајндховен.[2]
Планетариумот како мултимедијален проект е меѓу првите како уметничко дело во ликовниот правец мондидализам. За „Планетариумот“ е снимен и филм на трака од 35 мм кој филм бил прикажан и на официјалната селекција на познатиот телевизиски фестивал во Монте Карло во 1998 година.[1] Филмот го режирал Иван Митевски, и ја добил наградата за најдобар документарен филм на Меѓународниот фестивал на независни филмови и документарни филмови во Њујорк во 2005 година.[3]
Истовремено со филмот била објавена монографија од Марин Димевски со фотографии од двегодишното патување.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 киро-урдин/ Киро Урдин[мртва врска] на семрежното место на МАНУ
- ↑ Проект Планетариум
- ↑ „On Day of Francophony – Screening of Documentary "Planetarium"“. Culture: Republic of Macedonia. Архивирано од изворникот на 2 August 2013.
- ↑ Boenders, Frans. Planetarium of Kiro Urdin. Neways Electronics International N.V. ISBN 90-803863-16.