Плакенска Планина
Плакенска Планина или Пространска Планина — средновисока планина во Југозападна Македонија со динарски правец на протегање СЗ–ЈИ.[1] Највисок врв е Сталев Камен (1.999 м[2]), по којшто некои ја нарекуваат „Плакенска Планина“, а висок е и врвот Коњарник (1.919 м). Други повисоки врвови се: Дупен Камен, Дамов Гроб, Грамада и Црни Врв.[3]
Плакенска Планина Пространска Планина | |
планински масив | |
Поглед на Плакенска Планина
| |
Регион | Македонија |
---|---|
Највисока точка | Сталев Камен |
- височина | 1.999 м |
Во источното подножје на планината се наоѓа селото Прострање, поради што таа се нарекува и „Пространска Планина“. Планината се протега помеѓу долината на Боишка Река и Демир Хисар на исток и котлината Дебрца на запад. Кон југ билото на Плакенската Планина продолжува во Бигла. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци преку кои лежат тријаски варовници. Кон запад течат Голема и Коселска Река, а кон исток Пространска, Вировска Река и Големача, притока на Боишка Река. Планинските страни се под шума, а високите делови под планински пасишта[4].
Поврзано
уреди- Мазатар — масив во состав на Плакенска Планина.
- Дебрца
- Голема Река (Плакенска)
Наводи
уреди- ↑ Milošević, Miodrag (1967). Geografija Jugoslavije (III. изд.). Naučna knjiga.
- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 108. Посетено на 16 јануари 2024.
- ↑ Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
- ↑ Павловски, Јован (2006). Ми-Анова енциклопедија: М-П. Книгоиздателство МИ-АН. ISBN 9989-613-91-5, ISBN 9789989613913 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).