Голема Река (Плакенска)
- За други значења на поимот Голема Река, видете на појаснителната страница
Голема Река — десна притока на реката Сатеска.[1] Извира северозападно од Плакенска Планина, на н.в. од 1.880 м, а се слива на н.в. 759 м кај селото Белчишта.[2] Долга е 24,1 км, има вкупен пад од 1.121 м и просечен пад од 46,5‰. Сливот зафаќа површина од 123 км2. Во горниот дел има планински, а во долниот дел рамничарски карактер. Помеѓу сливот на оваа река и Мраморечка Река постои подземна природна бифуркација.
Голема Река | |
---|---|
![]() | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Сатеска, кај Белчишта![]() |
• надм. вис. | 759 |
Должина | 24,1 |
Особености на сливот |
Наводи
уреди- ↑ Jovan Đ. Marković (1990): Enciklopedijski geografski leksikon Jugoslavije; Svjetlost-Sarajevo; ISBN 86-01-02651-6
- ↑ Pianka, Włodzimierz (1970). Топономастиката на Охридско-преспанскиот базен. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.