Пит Таунсенд

(Пренасочено од Пит Тауншенд)

Питер Денис Таунсенд (анг: Peter Dennis Townshend; роден на 19 мај 1945 г.) ― англиски музичар. Тој бил коосновач, гитарист и главен текстописец на Who, една од највлијателните рок групи од 1960-тите и 1970-тите.[1] [2] Поради агресивниот стил на свирење и иновативните техники на пишување стихови, делата од Таунсенд биле многу фалени од музичките критичари.

Пит Таунсенд
Пит Таунсенд во 2012
Животописни податоци
Родено имеПитер Денис Таунсенд
Познат(а) и какоБиџу Дрејнс
Роден(а)19 мај 1945(1945-05-19)(79 г.)
Чизвик, Англија
ПотеклоLondon, England
Жанрови
Занимања
  • Музичар
  • текстописец
  • писател
Инструменти
  • Гитара
  • клавијатури
  • вокал
Период на активност1962–денес
Издавачи
Мреж. местоthewho.com

Таунсенд напишал преку 100 песни за 12-те студиски албуми на Who. Меѓу нив се концептуални албуми, рок оперите Tommy (1969) и Quadrophenia (1973), како и популарниот рок радиски запис Who's Next (1971); и уште десетици други песни објавени како синглови без албуми, бонус песни на реизданија и песни на компилации, како Odds&Sods (1974). Тој, исто така, напишал над 100 песни за неговите соло албуми, како и радио џинглови и телевизиски тематски песни.

Иако најмногу е познат како гитарист, Таунсенд свири и клавијатури, бенџо, хармоника, усна хармоника, укулеле, мандолина, виолина, синтисајзер, бас гитара и тапани; тој е самоук на сите овие инструменти, а свири на свои соло албуми, неколку албуми од Who и како гостин соработник на многу музички записи од други уметници. Таунсенд, исто така, придонел и напишал многу написи во весници и списанија, рецензии за книги, есеи, книги и сценарија, а соработувал како текстописец и композитор за многу други музички дела.

Во 1983 година, Таунсенд ја доби наградата Брит за животно дело, а во 1990 година како член на Who бил примен во Куќата на славата на рокенролот. Таунсенд се нашол на трето место на листата за најдобри гитаристи The New Book of Rock Lists составена од Дејв Марш во 1994 година.[3] Во 2001 година, како член на Who ја добил наградата Греми за животно дело; а во 2008 година ги добил почестите од Центарот Кенеди . На листата од Gibson.com за 2011 година од 50 најдобри гитаристи, тој бил рангиран на 10-то место,[4] а во 2011 година бил на 10-то место на ажурираната листа од Rolling Stone за 100 најдобри гитаристи на сите времиња.[5] На 21 мај 2016 година, тој и Роџер Далтри ја добиле наградата Џорџ и Ира Гершвин за животно дело во музиката. [6]

Живот и кариера

уреди

Таунсенд е роден во Чизвик, Западен Лондон во ОК. Потекнувал од музичко семејство: неговиот татко, Клиф Таунсенд, бил професионален алт-саксофонист, а неговата мајка Бети била пејачка.[7]

Во 1961 се запишал на студии по графички дизајн на колеџот за уметност Илинг. На Илинг, Таунсенд студирал заедно со идниот гитарист од Ролинг Стоунс, Рони Вуд. Во 1964 г.,Таунсенд се откажал од колеџот за да се посвети на музиката.[8]

Кон крајот на 1961 година, Таунсенд се приклучил на рокенрол групата Detours, предводена од Роџер Далтри.[9] Преку мајката од Таунсенд, групата склучила менаџерски договор со локалниот промотор Роберт Друс,[9] кој договорал да бидат предгрупа на многу други групи.[9] Во 1963 година, таткото на Таунсенд ја аранжирал аматерска снимка „It Was You“, прва песна што ја напишал Пит Таунсенд.[7] The Detours, во февруари 1964 година, дознале дека постои група со исто такво име и биле принудени ги да го променат името.[9] Одлучиле да го сменат името во „The Who“.[10]

Таунсенд ја напишал песната, „I Can't Explain“ која била прв хит на Who.[11] Потоа The Who се здобиле со слава во Велика Британија по серија топ 10 хит синглови. Следеле албумите „My Generation“ (1965), „A Quick One“ (1966) и „The Who Sell Out“ (1967). Првите два албума се искачиле на прво место на бртитанската топ листа. Нивната слава растела со незаборавните настапи на фестивалите во Монтереј и на Вудсток. „Tommy“, издаден во 1969 година, бил првиот од серијата албуми кои стигнале во топ 10 во САД; по нив следеле „Live at Leeds“ (1970), „Who's Next“ (1971), „Quadrophenia“ (1973), „The Who By Numbers“ (1975), „Who Are You“ (1978) и „The Kids Are Alright“ (1979).

 
Техниката „ветерница“ од Таунсенд

Покрај работата со Who, Таунсенд повремено бил активен и како соло музичар. Од 1969 до 1971 година Таунсенд снимил три албуми: Happy Birthday, I Am, и With Love. Во 1972 го објавил својот прв соло албум со „голем“ издавач: Who Came First.

Успех во соло кариерата Таунсенд забележал по објавување на албумот Empty Glass од 1980 година. Во 1982 година го објавил албумот All the Best Cowboys Have Chinese Eyes, на кој се наоѓала и популарната радио песна „Slit Skirts“. Во 1980-тите и раните 1990-ти, Таунсенд повторно почнал да експериментира со рок опери и сродни формати, и објавувил неколку албуми засновани на приказни, како White City: A Novel (1985), The Iron Man: A Musical (1989) и Psychoderelict (1993). Таунсенд, исто така, заедно со Хенк Марвин и други рок музичари како Дејвид Гилмор, Џон Бонам и Рони Лејн свирел на сесиите за албумот од Пол Макартни „Rockestra“.

 
Таунсенд на концерт, 2008 година

Дискографија

уреди

Соло албуми

уреди
  • Who Came First (1972)
  • Rough Mix (1977) (со Рони Лејн)
  • Empty Glass (1980)
  • All the Best Cowboys Have Chinese Eyes (1982)
  • White City: A Novel (1985)
  • The Iron Man: The Musical by Pete Townshend (1989)
  • Psychoderelict (1993)

Библиографија

уреди
  • Приказната за Томи (1977, Eel Pie Publishing ) – со Ричард Барнс
  • Коњски врат (1985, Фабер и Фабер ) – збирка раскази
  • Томи од The Who (1993, Pantheon Books )
  • The Who: Maximum R&B (2004, Plexus Publishing ) – со Ричард Барнс
  • Кој сум јас (2012, ХарперКолинс ) – автобиографија
  • Доба на анксиозност (2019 година, Коронет) - роман

Награди

уреди

Други почести за животно дело

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Who unveil first new song in eight years“. BBC News. 26 September 2014. Посетено на 5 June 2015.
  2. The Who.
  3. The New Book of Rock Lists. New York City: Simon and Schuster. 1994. стр. 344. ISBN 978-0671787004. Посетено на 15 May 2011. new book of rock lists.
  4. „Top 50 Guitarists“. Gibson.com. Архивирано од изворникот на 8 July 2011. Посетено на 15 May 2011.
  5. . New York City. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  6. 6,0 6,1 Weinberg, Lindsay (10 May 2016). „The Who to receive lifetime achievement award at Spring Sing 2016“. Daily Bruin. Los Angeles, California: University of California, Los Angeles. Посетено на 18 October 2018.
  7. 7,0 7,1 Giuliano 2002.
  8. Wooldridge 2002.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Neill & Kent 2009.
  10. Marsh 1983.
  11. Wilkerson 2006.
  12. Видео на YouTube
  13. „Pete Townshend“. Myguitarsolo.com. Архивирано од изворникот на 3 September 2014. Посетено на 29 September 2014.
  14. Gardner, Elysa; Gundersen, Edna (27 January 2013). „Pete Townshend receives Les Paul Award“. USA Today. Посетено на 29 September 2014.
  15. Празен навод (help)
  16. „Golden Plate Awardees of the American Academy of Achievement“. www.achievement.org. American Academy of Achievement.
  17. „2019 International Achievement Summit“. American Academy of Achievement.

Општи и наведени дела

уреди
  • Giuliano, Geoffrey (2002). Behind Blue Eyes: The Life of Pete Townshend. Cooper Square Press. ISBN 978-1-46173-196-2.
  • Howard, David (2004). Sonic Alchemy: Visionary Music Producers and Their Maverick Recordings. Hal Leonard Corporation. ISBN 978-0-634-05560-7.
  • Marsh, Dave (1983). Before I Get Old: The Story of The Who. Plexus Publishing Ltd. ISBN 978-0-85965-083-0.
  • Neill, Andrew; Kent, Matthew (2009). Anyway Anyhow Anywhere: The Complete Chronicle of The Who 1958–1978. Sterling Publishing. ISBN 978-0-7535-1217-3.
  • Wilkerson, Mark (2006). Amazing Journey: The Life of Pete Townshend. Lulu.com. ISBN 978-1-411-67700-5. 
  • Wooldridge, Max (2002). Rock 'n' Roll London. Macmillan. ISBN 978-0-312-30442-3.

Надворешни врски

уреди