Пештерица (село)

историско село во Прилепско

Пештерица — историско село во јужниот дел на Македонија, на територијата на денешна Општина Прилеп. Се наоѓа на атарот на селото Ореовец.

Пештерица
Пештерица во рамките на Македонија
Пештерица
Местоположба на Пештерица во Македонија
Пештерица на карта

Карта

Координати 41°23′21″N 21°36′07″E / 41.38917° СГШ; 21.60194° ИГД / 41.38917; 21.60194
Регион  Пелагониски
Општина Прилеп
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Пештерица на општинската карта

Атарот на Пештерица во рамките на општината
Пештерица на Ризницата

Географија

уреди

Селото било сместено на Ореовечка Река (Пештерица) на неколку километри североисточно од Прилеп, денес под водите на вештачкото Прилепско Езеро.

Историја

уреди

Крај Пештерица е откриена ранонеолитска населба.[2] На брегот на денешната брана е откриена римска вила од III - IV век во која се пронајдени монети од Константин I Велики до Теодосиј I Велики.[3]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името П-ш-т-р-и-ч-а и имало 12 семејства, 1 неженет и 1 вдовица, сите христијани.[4]

Селото е споменато и во Трескавечкиот поменик од XVII - XVIII век. Според академик Иван Дуриданов етимологијата на името е дериват од пештерата, која е од праславјанското.[5]

Во XIX век Пештерица е мало македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пештерица (Peschtéritza) било село со 18 домаќинства и 88 жители Македонци.[6]

Според статистиката на Васил Кънчов ("Македонија. Етнографија и статистика") од 1900 година Пештерица има 90 жители, сите Македонци христијани.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пештерица се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 13 куќи.[8]

Во почетокот на XX век населението на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев ("La Macédoine et sa Population Chrétienne") во 1905 година во Пещерица (Pechteritza) имало 80 Македонци.[9][10]

Селото е потопено во изградбата на Прилепското Езеро.

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1158. ISBN 978-608-203-024-1.
  3. www.kralemarko.org.mk
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.81
  5. Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. во: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 175.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 247.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
  9. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 150-151.

Надворешни врски

уреди