Јаорец
пештера кај Велмеј, Дебрца
Јаорец — пештера која се наоѓа во котлината Дебрца, југоисточно од селото Велмеј. Вкупната должина на пештерата изнесува 76 м. Таа е речиси без пештерски украси, a во хидрографски поглед потполно сува пештера. Во пештерата Јаорец вршени се систематски палеонтолошки истражувања, при што во нејзините плеистоцени (Wurm) пластови се пронајдени остатоци од пештерска мечка.[1]
Јаорец | |
---|---|
Место | Велмеј, Дебрца |
Должина | 76 м |
Во пештерата се најдени и прастари остатоци од човечко живеалиште (погл. Пештера Јаорец (Велмеј)).
Наводи
уреди- ↑ Колчаковски, Драган (1993). Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија. 1 (1. изд.). Скопје: Институт за географија, ПМФ.
Оваа статија пештера во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |