Петр Јирачек (роден на 2 март 1986) — чешки фудбалер. Тој е играч од средниот ред, таканаречен box-to-box player, кој може подеднакво добро да игра кога е поставен со повеќе одбранбени задачи и кога има повеќе офанзивни функции. Во моментов игра за германскиот клуб Волфсбург каде дојде од чешкиот шампион во сезоната 2010-2011 тимот на Викторија П’лзењ.

Петр Јирачек
Petr Jiráček
Лични податоци
Роден на 2 март 1986(1986-03-02)(38 г.)
Роден во Тухоржице, Чешка
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Волфсбург
Број 20
Младинска кариера
Баник Соколов
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006–2008 Баник Соколов 40 (2)
2008–2011 Викторија П’лзењ 100 (11)
2012– Волфсбург 13 (2)
Репрезентација
2011- Чешка 44 (5)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

По почетокот на својата кариера во тимот на Баник Соколов, клуб каде што стигна на 10 години, и ги помина првите две професионални сезони таму, Јирачек направи трансфер во тимот на Викторија П’лзењ. Во тимот на Викторија, тој направи точно 100 настапи во лигата и беше клучен дел во тимот кој ја освои титулата во Чешкото првенство во сезоната 2010-2011, подвиг кој никогаш порано не бил остварен во историјата на клубот. Насловот исто така, им даде можност да играат во Лига на Шампиони 2011/12, во која стигнаа до фазата по групи, и завршија на третото место само зад гигантите ФК Барселона и ФК Милан. Јирачек не играше само во еден натпревар на Европско натпреварување. Тој исто така е освојувач на; Чешкиот куп 2009-10 и Чешкиот Супер Куп 2011.

Во декември 2011 година, Јирачек потпиша четири и пол годишен договор со германскиот Бундеслигаш ВФЛ Волфсбург. Тој веднаш остава добар впечаток откако постигна важен погодок во својата четврта лигашка средба за да му обезбеди триумф од 3-2 на својот тим над Фрајбург. Тој претрпе повреда на крајот на февруари, која го наведе да пропушти голем број на натпревари и по враќањето да биде на клупата од каде влезе само неколкупати во остатокот од сезоната.

Репрезентацијата

уреди

Во септември 2011 година, тој го направи дебито за репрезентацијата во натпреварот против Шкотска и наскоро стана прв избор во тимот раководен од Михал Билек. Тој го постигна својот прв гол во победата од 1-0 против Црна Гора во баражите за Евро 2012, во кој тие беа подобри и се пласираа на завршницата на Европското Првенство.

Евро 2012

уреди

Јирачек продолжи да игра клучна улога во својот репрезентација, кој стигна до четврт-финалето на Евро 2012. Тој постигна два гола на првенството, притоа отворајќи го резултатот против Грција уште во третата минута, а го постигна и клучниот погодок за пласман на Чешка во четвртфиналето како прва во групата А, против домаќинот Полска. Јирачек ги одигра сите деведесет минути и во четвртфиналето во кое Чешката репрезентација загуби од Португалија со 1-0.

Надворешни врски

уреди

Титули

уреди

  Викторија П’лзењ

уреди