Петре Костев Илиоски ( 1921 во Белица (Кичевско)1945 во Седларево (Срем)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Петре Илиоски
Роден 1921 година
Белица (Кичевско), Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал мај, 1945 година
Седларево, Сремски фронт
Националност Македонец
Чешма со спомен-плоча од НОБ во селото Белица, Кичевско. Петре е запишан како Петруш К. Илиески.

Животопис

уреди

Бидејки немал услови да го продолжи школувањето, по завршувањето на основното училиште бил принуден да оди на печалба во Шабац каде работел како угостителски работник. По окупацијата се вратил во своето родно село и како напреден младинец доброволно им се приклучил на редовите на народно ослободителната војска на Македонија во пролетта 1944 година. Учествувал ѝ во повеќе борби за конечното ослободување на Западна Македонија, а со единиците на Петнаесеттиот корпус учествувал на Сремскиот фронт, каде загинал при една борба со Германците во мај 1945 година кај месноста Седларево.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 62.