Петар Вангелов Погончев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет, а потоа член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Петар Погончев
Роден 1875
Загоричани, Костурско, Егејска Македонија
Починал 9 јули 1908
Горничево, Леринско

Животопис

уреди

Погончев е роден во 1875 г. во селото Загоричани, Костурско, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Завршил IV клас гимназија во Софија и подоцна бил дел од Бугарската армија. Станал член на Врховниот комитет и во 1900 г. се вратил во Загоричани. Во септември 1902 година го пречекал и го помагал Анастас Јанков во неговата дејност која била против интересите на МРО.[1]

Покасно Погончев ги сфатил погубните игри на врховистите и стапил во МРО и активно учествувал во Илинденското востание како војвода на четата од село Загоричани. Учествувал во преземањето на гратчињата Клисура и Невеска. Во 1904 година бил заробен и осуден на три години. Пролетта 1907 г. бил ослободен и повторно се активирал со револуционерна дејност.

Загинува во 1908 г. во борба со грчки андарти во село Горничево[2][3], или според други извори, во битка со турски аскер во с. Емборе[4][5], која се случила непосредно пред Младотурската револуција.

Георги Константинов Бистрицки пишува за него:

Петар Погончев од село Загоричани, со неполно средно образование, истакнат деец - горд патриот, падна херојски во последната битка со турците во с. Емборе и тури крај на неподносливите маки и страдања. од тешка и неизлечива болест.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Силяновъ, Христо (1933). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). I. Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 170–171.
  2. Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 130. ISBN 954-9514-28-5.
  3. Пелтеков, Александър Г. (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (II. изд.). София: Орбел. стр. 361. ISBN 9789544961022.
  4. 4,0 4,1 Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 53.
  5. Тзавелла, Христофор (2003). Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев. София: Македония прес. стр. 303. ISBN 954-8823-46-2.