Фарадеев медал — врвен меѓународен медал што го доделува Институцијата за инженерство и технологија на Обединетото Кралство (ИИТ) (претходно се викала Институција на електроинженери (ИЕЕ)).[1] Овој медал е дел од збирката медали за достигнување на ИИТ.[2] Медалот го носи името на британскиот физичар Мајкл Фарадеј, таткото на електромагнетизмот.

Фарадеев медал
Доделена зазабележителни научни или индустриски достигнувања во инженерството или придонес за унапредување на науката, инженерството и технологијата или за животно дело во науката, инженерството или технологијата.
Датум1922
МестоЛондон
ДржаваОбединето Кралство
ДоделуваИнституција за инженерство и технологија и Институција на електроинженери
Мрежно местоconferences.theiet.org/achievement/awards/medals/faraday.cfm

Заднина

уреди

Фарадеевиот медал е највисоката почест на ИИТ и една од најпрестижните светски награди за инженери и научници. Победниците вклучуваат иновативни пионери и пронаоѓачи. Првпат бил доделен во 1922 година, и е еден од најстарите медали што се доделуваат и денес. Секоја година медалот се доделува на истакнати поединци со забележителни научни или индустриски достигнувања во инженерството или за видлив придонес за унапредување на науката, инженерството и технологијата, без ограничувања во однос на националноста, земјата на живеење или членството во институцијата. Наградата е основана во 1922 година за да ја одбележи 50-годишнината од првиот редовен состанок на Здружението на телеграфски инженери и го носи името на Мајкл Фарадеј. Секоја година, добитникот ја прима наградата на свеченост што се одржува во Лондон, кој е седиште на ИИТ.[3]

Добитници

уреди
 
Фарадеев медал
Задна страна

Првите 50 години (1922-1972)

уреди

Следни 50 години (1973–2023)

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „IET Awards – Faraday Medal: Awards, prizes and scholarships within engineering and technology“. London: theiet.org. Архивирано од изворникот на 2015-11-17.
  2. „IET Achievement Medals“.
  3. „IET Awards ceremony“.
  4. „Sir Michael Brady, University of Oxford, UK“.
  5. „Sir Robin Saxby awarded 2002 Faraday Medal, 2002“. Архивирано од изворникот на 1 May 2021. Посетено на 11 March 2020.
  6. „Sir Richard Friend, University of Cambridge, UK“. 23 July 2013.
  7. „Professor wins IEE's highest accolade, 2004“. 26 March 2004.
  8. „DSP pioneer awarded Faraday Medal, 2006“.
  9. „PC revolutionary honoured“. 18 September 2007.
  10. „Professor Josef Kittler, University of Surrey, UK“.
  11. IET: Professor Donald Knuth to be awarded prestigious Faraday Medal, Politics.co.uk Архивирано на 2 март 2020 г., retrieved 16 May 2016.
  12. „Sir Mike Pepper winner of IET Faraday Medal 2013“.
  13. „Imperial researcher wins Institution of Engineering and Technology's top honour“.
  14. „Alumnus awarded Faraday medal, Fitzwilliam College Cambridge“.[мртва врска]
  15. „Bjarne Stroustrup awarded 2017 Faraday Medal“.
  16. „Our IET 2020 Prestige Medal winners“ (англиски). Institution of Engineering and Technology. Архивирано од изворникот на 10 April 2021. Посетено на 27 February 2021.
  17. „Our IET 2021 Prestige Medal winners“ (англиски). Institution of Engineering and Technology.